AVON ја претставува новата маскара Big&Daring

Во Кампања 13 во третиот квартал од 2014 година, козметичката компанија AVON ја најавува новата маскара Big&Daring со нова, иновативна формула за 6 пати погусти трепки.

avon-ja-pretstavuva-novata-maskara-big-and-daring-1.jpg

Револуционерната гел-крем формула употребена во маскарата Big&Daring е помазна и побогата и содржи колаген, кератин, аминокиселини  и протеини. Овие состојки им даваат екстра волумен на трепките и истовремено ги одржуваат меки и еластични. Новата формула делува на тој начин што беспрекорно ги обликува трепките, без притоа да настане згрутчување или размачкување. Нејзината гел структура формулирана во луксузна микро-емулсија со комплекс од колаген обезбедува  неверојатно еластично и лесно чувство на трепките и ги прави свиленкаво мазни и меки.

Покрај иновативната формула, за маскарата Big&Daring е создадена и т.н. VOLUME BUILDING четкичка, која е закривена и одговара на природниот облик на очниот капак. Четкичката содржи специјални патентирани влакна кои стигнуваат до секоја трепка и совршено ги раздвојуваат од коренот до врвовите, додека пак закривениот облик на четкичката ги дефинира трепките со само две нанесувања.

Инспирирана токму од иновативниот дизајн на четкичката, професионалниот стилист и експерт за шминка на AVON Васка Леонтиќ, вели дека при изборот на маскара, особено треба да се внимава на обликот на нејзината четка.

avon-ja-pretstavuva-novata-maskara-big-and-daring-2.jpg

„Четкичката на маскарата Big&Daring има облик кој одговара на природната линија на очниот капак, со што мазно и рамномерно ја нанесува маскарата без да создава грутчиња, а нејзината формула со течен состав ги прави трепките меки и лесни“, изјави Васка Леонтиќ.

Маскарата Big&Daring ја има во црна и кафено-црна нијанса, а ќе биде достапна за порачување од брошурите на AVON од септември 2014 год.

Би можело да ве интересира:

Хејли Бибер ја покажа новата фризура – тренд што ќе доминира во 2026-та Фризерката на Хејли Бибер објави фотка од нејзината потстрижена коса, а со тоа т...
Од руса, до црвена: Трендови за бои на коса што ќе доминираат во 2026-та Темноцрвената, црната со изразен сјај, како и „студената“ руса боја ќе бидат меѓ...

Најчитани неделава