Испробајте: 3 техники за погусти веѓи

Веѓите се една од највпечатливите црти на лицето кои ги истакнуваат очите. Но, немаат сите таква среќа да имаат природно густи и убаво обликувани веѓи.

gusti-vegji-3-nacini-za-da-vi-bidat-povpecatlivi-01

Затоа, ако сакате да го постигнете таквиот ефект може да искористите некој трик со чија помош во неколку чекори ќе го добиете посакуваниот изглед.

Молив

Со молив најлесно може да им дадете волумен на веѓите. Но за да бидете сигурни дека ќе ви трае и нема да ве издаде дека веѓите ви се исцртани, важно е да го најдете вистинскиот.

За да го препознаете, забележете дали е сув и тврд. Мрсните моливи како оние за очи се размачкуваат и не се приспособуваат на нијансата на влакненцата.

Со кратки движења во насока на природниот раст и наострен молив исцртајте влакненца и пополнете ги празнините во внатрешниот агол на веѓите.

На крајот со апликаторот од другата страна на моливот поминете по веѓите за да се вклопи соодветно.

gusti-vegji-3-nacini-za-da-vi-bidat-povpecatlivi-1


Сенка

Како и сенката за очи, така и пигментот во прав е наменет за нијансирање на веѓите и претставува совршено решение за нагласување на овој детаљ на лицето.

Но, сенката за веѓи и сенката за очи не е иста. Пигментот за веѓи содржи сиви и мат тонови кои лесно се претопуваат во бојата на влакненцата и со тоа делуваат поприродно.

На минијатурна четка како за кармин, нанесете малку сенка, истресете ја нежно за да го отстраните вишокот, а потоа со кратки потези во насока на растот на влакненцата пополнете ги празнините и нагласете го природниот изглед.

gusti-vegji-3-nacini-za-da-vi-bidat-povpecatlivi-4


Туш

Благодарение на ситните зрнца во сенката веѓите изгледаат многу природно. Но, покрај сенката во прав може да ја нанесете и во облик на туш за очи. Има сенки за веѓи за суво и за влажно нанесување, но постапката може да ја направите како сакате.

Во капаче ставете неколку капки вода и намокрете ја четкичката за да ги соберете зрнцата сенка. Измешајте ја бојата за да ја добиете посакуваната нијанса и нанесете ја на кожата на дланката за да ја проверите густината, која треба да биде поводена.

Откако ќе ја добиете посакуваната нијанса и густина, нанесете ја на веѓите со исцртување во правец на растот на влакненцата и пополнете ги празните места. Оваа постапка е многу детална и трајна, но за правилно нанесување ви треба повеќе пракса.

gusti-vegji-3-nacini-za-da-vi-bidat-povpecatlivi-2

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
12 жени кои излегоа со плачење од салон за убавина и не можеа да го скријат разочарувањето (фото) „Косата требаше да ми биде многу бледо розова, а не интензивно розова. Кога се п...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава