Подмладување без инекции: Масирајте го лицето со лажички

За изгледот на секоја жена во 30тите важна е редовната масажа на лицето. Тоа е поврзано со фактот дека еластичноста на кожата почнува постепено да слабее, а поткожното ткиво станува сѐ поизразено.

podmladete-se-bez-injekcii-masaza-na-lice-so-lazicki-1

За да ја сочувате младоста и убавината ќе ви помогне една интересна масажа со помош на лажички. За 10 дена веќе ќе постигнете неверојатни резултатите, под услов истата секојдневно да ја практикувате.

Потребно ви е:

  • Кафени лажички
  • 1 чаша со студена вода со коцки лед
  • Мала чинија со загреано масло (маслиново, невеново, сончогледово).

Постапката е следна:

1. Отстранете ја шминката од лицето, измијте се и нанесете хидрадантна крема. Во меѓувреме, лажичките дезинфицирајте ги со алкохол и ставете ги во чаша со вода и лед.

2. Изладените лажички потпрете ги на горните капаци од очите. Држете ги неколку секунди и повторете ја постапката 5 пати. Топлите лажички менувајте ги со ладни, па истата постапка повторувајте ја и на подочниците. На овој начин ќе се ослободите од отоците на капаците и подочниците.

3. Потоа,  лажичките спуштете ги накратко во загреаното масло и можете да започнете со масажа на лицето. Со благи притисоци поместувајте ги лажичките по линиите на лицето.

Основни линии на лицето за масажа:

- По челото од горниот дел на носот кон слепоочницата и линијата на растот на косата.

- По капаците со кружни движења од внатрешниот агол па повторно кон него.

- По образите, од носот кон слепоочниците.

- Од брадата кон слепоочниците.

- По вратот од неговиот почеток па до брадата.

Секое движење повторувајте го најмалку 10 пати.

Секој пат кога лажичката почнува тешко да лизга, повторно спуштајте ја во чинијата со масло, а после масажата измијте се со топла вода.

Оптималното траење на масажата е 10 минути, но треба постепено да се зголемува, односно почнете со 1 до 2 минути и секој ден зголемувајте за минута. 10тиот ден масажата доведете ја до 10 минути.

Масажата, временски е неограничена, а уште првиот ден ќе го почувствувате нејзиниот ефект.

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Четири грешки со кои си го уништувате гелниот маникир (и вашите природни нокти) Откако целосно ќе ги извадите гелните нокти, не правите пауза и ги користите нок...

Најчитани неделава