Корисни трикови за нанесување на туш, моливче и сенка кои ќе ви ги истакнат очите и ќе ви заштедат време
Жените кои секојдневно користат туш или моливче за очи, свесни се дека тие се главните виновници затоа што доцнат на закажаниот состанок.
За да изгледате секогаш беспрекорно, без да губите по половина час за исцртување и истакнување на очите, следете ги овие 22 совети и трикови.
1. За моливчето да ви трае подолго, откако ќе го нанесете, покријте го со еден слој сенка за очи во истата боја.
2. Ако не сте многу вешти со течниот туш за очи, прво линијата исцртајте ја со моливче, па повторете ја со туш.
3. Под сенката или тушот секогаш ставете бела сенка или бело моливче кое подобро ќе ви ги истакне очите.
4. Создадете си туш за очи во посакуваната нијанса така што една тенка четка ќе намокрите со вода, па на неа ќе ставите малку сенка за очи. Потоа нанесете како течен туш.
5. Ако имате подуени и спуштени капаци, голема е веројатноста тушот никогаш да не се ни познава. Наместо да исцртувате тенка линија, нанесете подебел слој. Вишокот секако ќе биде скриен под капакот.
6. Користете бело моливче под и над веѓите за визуелно да ги поткренете.
7. Направете си туш за очи со тоа што моливчето ќе го загреете со запалка, па потоа ќе исцртате линија.
8. Ако постојано се борите затоа што не можете да нацртате права линија со моливче, следен пат нанесете го непрецизно. Дури потоа обликувајте ја линијата со чепкалка за уши и малку вазелин со кој полесно ќе го отстрани вишокот.
9. За поприроден изглед, со тенка четка нанесете малку кафена или црна сенка помеѓу трепките наместо над нив.
10. Поедноставете си го цртањето на линии така што најпрво ќе поставите неколку точки во која насока сакате да се движите, па потоа само ќе ги споите.
11. Секогаш супер идеја е омбре ефектот на очите. Очниот капак исцртајте го со бело моливче до половина, а потоа 2/3 од капакот исцртајте со моливче во боја. Местото каде што ќе се спојат двете моливчиња е местото каде што ќе го добиете омбре ефектот.
Уште 11 на следната страна...
Би можело да ве интересира:





