Како да се изборите со непријатните мириси на нозете?

Мирисот на нозете е проблем со кој се соочува речиси секој човек, а решенијата не се така лесни и брзи. Обично со месеци може да се мачите со скапи пудри, препарати и креми, а на крајот да не добиете никаков резултат.

kako-da-se-izborite-so-neprijatnite-mirisi-na-nozete-01.jpg

Сепак, постојат 5 основни правила до кои мора да се држите ако сакате нозете секогаш да ви бидат чисти и уредни.

1. Носете чевли исклучиво од природна кожа и оние кои не се поставени со синтетика. Истото важи и за чорапите. Тие мора да бидат 95% од памук.

2. Истите чевли може да ги носите само 2-3 дена по ред. Потоа оставете ги да отстојат 2 дена на свеж воздух.

3. Користете дрвени калапи за чевли кои не само што ќе им помогнат да го задржат обликот, туку и ќе ја соберат вишокот влага.

4. Подгответе посебна купка за стапалата од неколку литри топла вода, 1-2 раце полни сува жалфија и шолја јаболков оцет.

5. Избегнувајте ги сапуните кои ја сушат кожата и го поттикнуваат потењето на нозете кое води до непријатни мириси.

Би можело да ве интересира:

Митови за парфеми во кои веруваме сите - Скапите траат подолго, немаат рок на траење Не е точно дека скапите парфеми треба да траат подолго бидејќи долготрајноста не...
Нокти кои потсетуваат на љубов - 40 идеи за маникир за Свети Валентин (фото) Денот на вљубените е совршено време за нокти со тема љубов - време е за црвени л...
Четири причини зошто имате многу груба кожа на стапалата (и покрај редовниот педикир) Користите многу груби алатки, како метална турпија за пети, и ја занемарувате не...

Најчитани неделава