Четири причини зошто имате многу груба кожа на стапалата (и покрај редовниот педикир)
Користите многу груби алатки, како метална турпија за пети, и ја занемарувате негата помеѓу третмани.

Стапалата се дел од телото кој обично бара повеќе нега.
По цел ден во (неудобни) чевли, нормално е кожата да страда, па треба да ѝ обрнете повеќе внимание.
Но, што ако редовно правите педикир и третмани за нега, но сепак имате груба кожа?
Тогаш можеби правите некоја од следниве грешки:
Користите погреши алатки
Ако имате многу груба кожа на стапалата, веројатно мислите и дека треба да користите „погруби“ алатки.
Но, металните турпии кои повеќе личат на ренде и сличните алатки ја оштетуваат кожата и можат да ви го влошат проблемот.
Најдобро е да користите камен за пета или електрични турпии кои ја отстрануваат мртвата кожа, но се доволно нежни за да не предизвикаат иритација или оштетување на остатокот од кожата.
По секоја употреба, важно е да ги дезинфицирате алатките.
Многу силно ги триете стапалата
Многу силното триење исто така може да ви ја оштети кожата, па и да ви направи рани на стапалата.
Ако имате повеќе груба кожа, подобро стругајте подолго, но со понежни движења.
Исто така, не треба пречесто да користите камен или турпија за пета – доволно е еднаш-двапати неделно.
Не ставате крем
Откако ќе ја отстраните мртвата кожа, важно е да нанесете крем што ќе ги омекне и хидрира стапалата.
Најдобро е да користите помрсни продукти со уреа, глицерин или шеа путер.
Ставете дебел слој на стапалата и облечете чорапи.
Ги занемарувате стапалата меѓу третмани
Ако си правите педикир еднаш неделно, не треба да ги заборавите стапалата до следниот третман.
По секое туширање ставајте хидратантен крем на стапалата, а ако имате многу сува кожа, можете и да им правите нежен пилинг преку еден ден.
Во лето, кога носите отворени чевли, не заборавајте да ги заштитите стапалата со крем со фактор.
Исто така, пијте многу вода бидејќи и ова има огромен удел на состојбата на кожата.
Спирова С. | Црнобело
