Што е подобро: Тонирана крема или пудра?

Со појавата на разни видови пудри, креми, додатоци и многуте препораки кои се слушаат и од професионалните шминкери и од дерматолозите, често девојките не можат да се одлучат што е најдобро.

sto-e-podobro-tonirana-krema-ili-pudra-01

Поради навиката да се користи течната пудра за изедначување на тенот, некои тешко веруваат и се одлучуваат да користат тонирана крема.  

На кожата на лицето никогаш не ѝ е доволно влага, особено во преодните периоди од студено кон топло или од топло кон студено, поточно во есен и во пролет.

Наместо течната пудра дерматолозите препорачуваат BB крема (Blemish Balm – балсам за неправилности) која ја хидрира кожата и ја штити од UV зраците.

Оваа  крема може да ги покрие несовршеностите на вашата кожа исто како и течната пудра, но по бришењето на шминката, кожата останува во многу подобра и поздрава состојба, отколку кога користите течна пудра.

sto-e-podobro-tonirana-krema-ili-pudra-1.jpg

Она што е најважно, со тонираната крема изгледате посвежо и поприродно, како сосема малку да сте се исончале.

Ако не сакате лицето да ви свети со сјај како од премногу течна пудра, по нанесувањето на BB кремата нанесете транспарентна пудра во прав, која се прилагодува на тенот.

Кога нанесувате тонирана крема или пудра никогаш не заборавајте да нанесете и на вратот и на деколтето за да не ви се разликуваат од лицето.

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава