8 начини како вазелинот може да ве направи поубави

Сите жени со задоволство ќе дадат еден куп пари на скапи производи за разубавување, без да се сетат или знаат, дека обичниот вазелин може да биде одлична замена.

8-nacini-kako-vazelinot-moze-da-ve-napravi-poubavi-01.jpg

Иако вазелинот секогаш се врзува со кожни проблеми и изгореници, тој може да се користи секојдневно, како производ за разубавување.

1. Помага за отстранување на вештачките трепки

Наместо да си ги уништувате своите трепки кога ги отстранувате вештачките, зашитете ги со слој вазелин. Пред да ги извадите, втријте малку од него на работ од капакот, почекајте неколку минути, а потоа внимателно одвојте ги.


2. Го олеснува ставањето на обетки

Ако не сте девојка или жена која секојдневно носи обетки, веројатно имате проблем кога ќе посакате да ги ставите. Немојте на сила да го обновувате зараснатото дупче, наместо тоа намачкајте ја иглата со вазелин, па така пробајте да ги ставите.


3. Користете го наместо хајлајтер

Ставете малку вазелин на внатрешниот агол од окото и на јаболкниците за да добиете ист, сјаен ефект.


4. Дефинирајте ги трепките без маскара

Наместо да ставете 10 слоја маскара за добро дефинирани трепки, со четка за веѓи размачкајте малку вазелин на нив. Така ќе ги направите визуелно подолги и со поголем волумен.


5. Смирете ги веѓите

На врвот на прстите размачкајте малку вазелин, па измазнете ги веѓите. Потоа исчеткајте ги со специјална четка и ќе останат во таа позиција цел ден.


6. Ја штити кожата додека се фарбате

Секоја жена која се фарба, знае колку е тешко бојата да не се пренесе на ушите и челото. За да не се мачите повеќе, пред фарбањето нанесете дебел слој вазелин на деловите кои најчесто ги валкате, па со марамче исчистете го вишокот боја.


7. Пилинг за усни

Помешајте 1 лажичка кафеав шеќер со иста количина вазелин и направите пилинг. Ако сакате пилинг за целото тело, наместо шеќер, ставете морска сол.


8. Визуелно ги прави нозете потенки

Ако сакате нозете визуелно да ги направите потенки, намачкајте ги со мала количина вазелин. Ако сакате да им дадете дополнителен сјај или потемна нијанса, помешајте го вазелинот со мала количина бронзер.

Би можело да ве интересира:

Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
Како лакот за нокти да ви трае подолго од два дена? Темелно измијте ги исушете ги ноктите пред лакирање, и не заборавајте да ставите...

Најчитани неделава