Секое утро ги правите истите грешки на лицето

Кога немате време, а сакате набрзина да се подготвите, најчесто правите најмногу грешки. Некои од нив не ги ни забележувате, но тие подоцна оставаат последици.

sekoe-utro-gi-pravite-istite-greski-na-liceto-01

Колку и да ви се чини неважно, внимавајте на овие работи кои секое утро му ги правите на вашето лице:

1. Не го чистите лицето

Миењето со обична вода е доволно само на оние кои имаат беспрекорен тен, но ако имате проблематична кожа, мора да го чистите и со некоја блага крема. Цела ноќ ја собирате прашината од перницата, особено ако лежите на стомак или на страна, а притоа кожата излачува и себум.


2. Не нанесувате хидратантна крема

На пудрата пишува дека е хидратантна и лесно се залажувате да не нанесете крема претходно. Ниедна пудра, дури ни BB кремата нема да му даде на лицето сè што му е потребно и не може да ја замени кремата која го штити од дехидратација, првут и брчки.


3. Пудрата ја нанесувате веднаш по кремата

Ако веќе употребувате хидратантна крема, грешката ај правите во брзањето и нанесувањето на пудрата уште пред да се впие кремата. Мора да почекате барем 3-5 минути за да не ви се размачка и растече пудрата.


4. Се шминкате под лоша светлина

Ако не можете да го најдете совршеното светло тогаш искористете го она крај прозорецот за да ви ја даде реалната слика. Под лошо светло секогаш може да нанесете повеќе отколку што треба шминка.


5. Веѓите ги кубете набрзина

Мислите дека треба да искубете само неколку влакненца, а притоа не обрнувате внимание на формата која може и да ја уништите. Ако немате време наутро, правете го тоа попладне, кога имате време да се посветите.

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...

Најчитани неделава