8 нови начини како да го нанесете белото моливче

Ако знаете како да го користите правилно, белото моливче може да направи вашите очи да делуваат поголеми, посјајни и повпечатливи. Голем дел од холивудските убавици го сметаат моливчето за задолжителен дел од нивната рутина за разубавување.

8-novi-nacini-kako-da-go-nanesete-e-beloto-molivce-01.jpg

Тоа може да стане вашиот најдобар сојузник во постигнувањето на совршена убавина, само треба да внимавате правилно да го нанесувате. Еве за што се може да го користите:

1. Како стандардно моливче

Кога ќе се нанесе на линијата покрај трепките, белото моливче прави окото да изгледа поголемо бидејќи визуелно ја проширува белата боја на окото.


2. За истакнување на внатрешниот агол

За да ги истакнете очите или да направите погледот да делува посвеж и поодморен, со белото моливче нацртајте точка во внатрешниот агол на окото и размачкајте ја. На овој начин ќе направите очите да делуваат поголеми отколку што се.

8-novi-nacini-kako-da-go-nanesete-e-beloto-molivce-03.jpg

3. За нијансирање на сенката за очи

Никако не може да ја постигнете посакуваната нијанса со сенката за очи? Поминете го капакот со моливче во бел боја и ќе забележите како бојата на сенката се изменила. Не само што на овој начин ќе ја добиете посакуваната нијанса, туку и нанесената сенка за очи ќе ви трае подолго. Белото моливче може да го користите и како прајмер или база на сенка.

8-novi-nacini-kako-da-go-nanesete-e-beloto-molivce-05.jpg

4. За дефинирање и истакнување на веѓите

Ефективно ќе ги дефинирате веѓите ако дискретно поминете со белото моливче по нивниот надворешен раб. Ако навистина сакате да ги истакнете, направете дебели линии под веѓите и размачкајте ги за да ги усогласите со останатата шминка.


5. За зголемување на очите

Оние девојки кои имаат мали очи ќе бидат изненадени како со овој лесен трик инстантно ќе добијат визуелно поголеми очи- се што е потребно е да нанесат бело моливче на внатрешниот дел од очниот капак. Сепак, девојките кои имаат крупни очи треба да избегнуваат да го користат моливчето на овој начин бидејќи очите ќе им изгледаат преголеми.

8-novi-nacini-kako-da-go-nanesete-e-beloto-molivce-02.jpg

6. За прикривање на несовршености

Белото моливче може да го користите како евтина замена за коректор и лесно може со него да ги скриете досадните подочници.


7. За правење на француски маникир

Ако имате дома бело моливче кое не го користите, нанесете го под ноктите и направете илузија на француски маникир


8. За истакнување на сенката

Ако сакате дополнително да ги истакнете боите на сенката која сте ја нанеле, поминете со бело моливче под веѓите.

Би можело да ве интересира:

Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...

Најчитани неделава