Бои на кармини кои се носат ова лето

Карминот не само што може да ви помогне да го промените целокупниот ваш изглед, може и да влијае на промената на вашето расположение. Ќе направи да се чувствувате по софистицирано, женствено и гламурозно, а и ќе направи да изгледате посекси и заводливо.

boi-na-karmin-koi-se-nosat-ova-leto-01.jpg

Ова лето најпосакувани нијанси на кармини се силните бои, како и секојдневните варијанти на кармини во месо боја.

1. Омбре

Во летниот период сосема нормално е да се одлучите за потемни бои на кармин кои бојата од сончање уште повеќе ќе ја направат впечатлива и гламурозна.

Омбре усните се во тренд веќе неколку сезони и благодарение на играта со бои ги прават усните пополни и сочни. Токму затоа, доколку сакате вашите усни да  изгледаат заводливо, одлучете се токму за овој стил.

boi-na-karmin-koi-se-nosat-ova-leto-1.jpg

boi-na-karmin-koi-se-nosat-ova-leto-5-2.jpg


2. Портокалова

Оваа сезона карминот во портокалова боја го менува карминот во црвена боја. Него можете да го носите на плажа во комбинација со црно-бел костим за капење.

Вашите усни ќе бидат силно изразени и ќе го привлечат вниманието на сите луѓе чии поглед ќе ве сретне токму вас.

Можете да употребите молив за усни во месо боја за да направите усните да дојдат во полн израз.

boi-na-karmin-koi-se-nosat-ova-leto-3.jpg

boi-na-karmin-koi-se-nosat-ova-leto-04.jpg


3. Бордо боја

Станува збор за една од најпопуларните бои ова лето. Карминот во ваква боја ќе ви даде подраматичен изглед, а истовремено ќе направи и да изгледате луксузно и софистицирано.

Неопходно е остатокот од шминката да биде помалку изразен и прилично едноставен. Карминот во оваа боја најдобро се согласува со светлите нијанси на сенките за очи.

boi-na-karmin-koi-se-nosat-ova-leto-05.jpg

boi-na-karmin-koi-se-nosat-ova-leto-6.jpg


4. Месо боја

Станува збор за најдобриот избор за дневните варијанти бидејќи овие кармини се неутрални и класични.

Без разлика на тоа дали ќе се одлучите за некоја елегантна или секојдневна облека, оваа боја совршено се совпаѓа и се вклопува  со секој изглед.

boi-na-karmin-koi-se-nosat-ova-leto-007.jpg

boi-na-karmin-koi-se-nosat-ova-leto-8.jpg


5. Розова боја

Нијансите на розова боја одлично им прилегаат како на бринетите, така и на девојките со посветла боја на коса и тен.

Овие нијанси се совршен избор како за вечерните часови така и за дневните варијанти кои вклучуваат пиење на коктели на плажа или кафе со пријателките.

boi-na-karmin-koi-se-nosat-ova-leto-9.jpg

boi-na-karmin-koi-se-nosat-ova-leto-10.jpg


6. Корална

Пастелните бои дефинитивно се тренд за ова лето и нив можете да ги употребите во изборот на нов кармин.

Коралната боја е одличен избор бидејќи ќе направи да изгледате помлади, свежи и во добро расположение.

Коралната боја совршено се вклопува со темните сенки за очи и во склоп на потемниот тен кој сте или ќе го добиете на одмор, ќе направи да изгледате моќно и привлечно.

boi-na-karmin-koi-se-nosat-ova-leto-5-11.jpg

boi-na-karmin-koi-se-nosat-ova-leto-12.jpg

Би можело да ве интересира:

Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Дречливи бои, лак со текстура - Топ 7 идеи за педикир за пролет-лето 2026 Наскоро ќе почне сезоната на сандали и одење на плажа, кога вашите прсти на нозе...
Топ 7 бои на коса кои ќе бидат хит во есен 2025 Нежна бакарна, но и бакарна во комбинација со руси тонови, богати чоколадни нија...

Најчитани неделава