Негувано лице во лето: Домашна маска од какао

Поголемиот дел од времето, во лето го минуваме надвор и лицето може многу бргу да се оштети под дејството на штетните сончеви зраци. Затоа најдобро е постојано да се негува со природни маски за лице покрај употребата на кремите со заштитни фактори.

neguvano-lice-vo-leto-domashna-maska-od-kakao-01.jpg

За таа цел, можете да го употребите какаото. Одличен извор на антиоксиданси кои ќе ја ослободат од кожата штетните влијанија на сончевите зраци. Додатно на тоа, овесната каша ќе направи добар пилинг на вашето лице.

Што ви е потребно?

  • 1/3 шолја какао
  • 2 лажички кисела павлака
  • ¼ шолја мед
  • 3 лажички овесна каша

Маската најдобро е да ја оладите пред да ја нанесете на лицето. Оставете ја 5 до 10 минути во фрижидер и потоа откако ќе ја нанесете на лицето уште 10 минути да отстои на вас.

Откако ќе поминат 10-те минути добро измијте го лицето и ставете хидратантна крема.

Би можело да ве интересира:

Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава