12 домашни лекови кои ги бришат мозолките од лицето

Без разлика на тоа која е причината поради која мозолките ви се појавуваат и во подоцнежните периоди од животот, тие се непријатни и посакувате што е можно побргу да се ослободите од нив.

12-domashni-sostojki-koi-gi-brishat-mozolkite-od-liceto-01.jpg

Секако за тоа се одлучувате за скапи третмани кои не можете да ги користите, но ако сакате да заштедите и истовремено да се ослободите од мозолките, можете да употребите неколку домашни препарати.

Ова се 12 од најефикасните:


1. Аспирин

Активната состојка која се наоѓа во аспиринот, салицилна киселина се наоѓа и во многубројните комерцијални препарати против акните и мозолките.

Здробете еден аспирин и помешајте го со малку вода за да добиете домашна паста која ќе ја нанесете на самите мозолки со употреба на стапче за уши.

По 10 минути измијте го лицето со млака вода.

12-domashni-sostojki-koi-gi-brishat-mozolkite-od-liceto-1.jpg

2. Масло од чајно дрво

Ова масло е благ антисептик кој има и антивоспалително дејство. Него можете да го нанесете со памукче кое нежно ќе го тапкате на лицето.

Оставете го барем половина час на вашето лице.


3. Мраз

Коцка мраз замотајте ја во газа и ставете ја на мозолките не подолго од минута. На тој начин ќе ги стиснете крвните садови и ќе се намали црвенилото.


4. Јаболков оцет

Направете си домашен тоник од јаболков оцет и вода и нанесувајте го секојдневно на лицето.

На тој начин постојано ќе ги отстранувате бактериите од лицето кои најчесто се број еден причинители на појавата на мозолки на лицето.

12-domashni-sostojki-koi-gi-brishat-mozolkite-od-liceto-2.jpg

5. Сок од лимон

Како и јаболковиот оцет, така и сокот од лимон кој содржи лимонска киселина и голема количина на Л-аскорбинската киселина која е природен антиоксиданс може да ви послужи како одличен домашен тоник.

Натопете памук во сок од лимон и пребришете го лицето пред спиење.


6. Лук

Со лукот не можете да погрешите. Иако има непријатни последици со својата миризба, тој има антивоспалително дејство кое со сигурност ќе ги ублажи мозолките.

Направете паста од лук и вода и оставете ја на лицето цели 5 минути, а потоа измијте ја со млака вода.


7. Белки од јајце

Протеините и витамините кои ги содржат белките помагаат во „извлекување“ на мастите од кожата и така може да ги намалат воспалителните процес.

Нанесете белка на проблематичната кожа и под 10 минути измијте ја со млака вода.

12-domashni-sostojki-koi-gi-brishat-mozolkite-od-liceto-3.jpg

8. Сода бикарбона

Добро познато е дека содата бикарбоната се применува во голем број ситуации и на голем број начини, а еден од нив е и за чистење на мозолките.

Направете паста од сода бикарбона и вода, па добиената паста нанесувајте ја со кружни движења и по пет минути измијте ја.


9. Кора од банани

Истражувањата покажале дека внатрешната страна од кората на бананите може да помогне во елиминирање на мозолките.

Нежно тријте ја кората околу пет минути на проблематичната кожа и потоа измијте го лицето со млака вода.


10. Компир

Изренданиот компир нанесете го на лицето како маска и по две минути измијте го лицето.

12-domashni-sostojki-koi-gi-brishat-mozolkite-od-liceto-4.jpeg

11. Краставица

Покрај тоа што може да помогне при темни подочници, таа помага и во ублажување на црвенилото кое се јавува со мозолките.

Краставицата ја лади и освежува кожата и што е најважно ги отстранува мозолките.


12. Кора од портокал

Сомелете ја кората од портокал помешајте ја со вода за да добиете паста и нанесете ја на проблематичната кожа.

По 10 минути измијте го лицето со млака вода.

Би можело да ве интересира:

Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
„Седум дена користев оризова вода за лицето – Што се случи со мојата кожа?“ Оризовата вода, која се прави мошне лесно, периодов е хит на ТикТок како продукт...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg