Жена која изгубила 73 килограми покажува како изгледа голото тело по слабеењето

На екстремното губење на килограмите најчесто се гледа како на неверојатно патешествие кое носи среќа и воодушевување од другите, но фотосесијата која ја направила Јулија Козенски раскажува една сосема поинаква приказна.

serija-na-fotografii-koi-ja-pokazuvaat-mracnata-strana-na-slabeenjeto-01.jpg

Кога имала 25 години таа тежела 153 килограми и Индекс на телесна маса еднаков на 49.9. Тоа значи дека речиси половина од нејзиното тело, биле само масти. Во 2009-та година таа конечно се одлучила да го промени својот изглед и изгубила неверојатни 73 килограми.

Многумина би се воодушевиле на нејзината издржливост, но приказната која стои зад губењето на килограмите не е така позитивна. Има своја мрачна страна на емоционални бури и промени на телото кои се далеку од посакувани: стрии, белези, вишок кожа...

Токму тој аспект на слабеењето Јулија решила да го прикаже во серија фотографии каде таа е целосно гола и сè може јасно да се види.

Би можело да ве интересира:

7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...
4 хит фризури кои ќе ја одбележат есен 2025 – идеално време за промени Доколку оваа есен сакате да ја освежите косата имаме 4 предлог фризури кои ќе би...

Најчитани неделава