Предлог фризури за оваа зима

Секое годишно време со себе носи и нови модни и фризерски трендови. Така, зимата која доаѓа пред вас носи новости и на подрачјето на фризури.

predlog-frizuri-za-ovaa-zima-01.jpg

Шишки или брановидна: Кои се трендовите за фризури за оваа зима?

1. Шишки во стилот на 70-тите

Фризерите се согласуваат дека идеалното годишно време за испробување на фризури со шишки е зимата, бидејќи поради ниските температури истите нема да ви се „лепат“ за челото, ниту виткаат. За оваа зима се препорачуваат шишки во стилот на 70-тите кои се пократки на средина, а на страна имаат подолги прамени.

predlog-frizuri-za-ovaa-zima-1.jpg


2. Зимски бранови

За оние со долга или полудолга коса оваа зима одличен предлог се брановите. Станува збор за малку посредена верзија на оние летните бранови кои се познати како „морски бранови“.

predlog-frizuri-za-ovaa-zima-2.jpg


3. Меки локни

Жените кои имаат природна брановидна коса знаат дека во текот на зимата нивната коса малку се суши, па добро е да внимаваат и да за истата да остане хидрирана. Најдобро е да нанесувате кокосово масло кое ќе ја направи помека и ќе го намали статичкиот електрицитет.

predlog-frizuri-za-ovaa-zima-3.jpg


4. Рамна миди фризура

На сцена оваа зима се враќа полудолгата коса која е потсечена рамно, без слоеви. Добро стои на жените со овално лице.

predlog-frizuri-za-ovaa-zima-4.jpg


5. „Комбинирана“ кратка коса

Кратка од една страна, подолга од другата – оваа фризура е идеална за оние жени кои досега носеле кратка коса, а сега сакаат да ја пуштат.

predlog-frizuri-za-ovaa-zima-5.jpg


6. Луди бои

Без разлика на тоа која ви е должината на фризурата или каков е вашиот изглед, можете да се одлучите за некои луди нијанси како розова или сина.

predlog-frizuri-za-ovaa-zima-6.jpg

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
14 идеи за пролетен маникир со кои секој аутфит ќе ви изгледа поубаво (фото) Оваа сезона ноктите не треба да бидат многу долги (кусите нокти се во мода), а б...
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
6 бои за маникир кои се тренд за лето 2026 – сите ќе гледаат во вашите нокти Флертувачка розова фушија, нежна и елегантна небесна сина, како и вечната класик...
Една фризура која ќе биде хит летово, а се прави лесно – ќе ја обожаваат девојки кои немаат време за... Нирвана брановите се новиот тренд за лето 2026 - младите ги враќаат трендовите о...
Новиот хит за маникир во лето 2025 – реалистично пресликани лушпи од овошје (фото) Изгледа е време да се збогувате со нацртаните плодови од црешки и лубеници и да ...

Најчитани неделава