Домашни маски за нега на лицето во студените денови

Нема ништо подобро од домашна маска која ќе направи да ја чувствувате вашата кожа повторно жива.

domashni-maski-za-nega-na-liceto-vo-studenite-denovi-01.jpg

Маските за лице се едни од најстарите форми на третмани за убавина кои помагаат во одржување на кожата да биде мека и свиленкаста.

Ние ви предлагаме неколку маски кои се добри за во студените зимски денови:

1. Маска од авокадо

Маската од авокадо е добра за сувата кожа која може да се иритира во зима и е многу лесна да се направи. Истолчете ја внатрешноста на авокадото и додадете неколку капку маслиново масло, па нанесете ја смесата на лицето. Оваа негувачка маска ќе му овозможи многу витамини, минерали и антиоксиданти на вашето лице во борбата против зимската сувост.


2. Маска од млечни производи

Оваа маска е едноставен и ефективен лек за уморната кожа. Направете смеса од јогурт, млеко, павлака или кефир и нанесете ја на лицето избегнувајќи го пределот околу очите. Одморете 10-15 минути и измијте со ладна вода. Оваа маска омекнува, регенерира и ја враќа природната pH вредност на кожата.


3. Маска од белки од јајца

Оваа маска е добра за мрсна кожа со големи пори. Измешајте две белки од јајце и нанесете ги на лицето. Одморете половина до 1 час и измијте. Оваа маска ќе ја освежи и зацврсти мрсната кожа и ќе направи да изгледа поздраво од предходно. Во зима ќе создаде природна заштита од ветрот.


4. Маска од банана

Ако имате комбинирана кожа, измешајте истолчена банана со слатка павлака и ставете ја смесата да стои околу половина час. Оваа маска ќе ја измазни, омекне и негува кожата.


5. Маска од мед и млеко

Оваа маска е веројатно една од најлесните маски кои може да ги направите. Она што ви треба е половина шолја мед и 2 кафени лажички млеко. Ставете ја пастата на лицето и вратот и масирајте 5 минути. Потоа оставете ја да стои 20 минути пред да ја измиете со млака вода. Маската ќе ја  омекне кожата и е најлесниот начин да ја негувате сувата кожа во зима.

М.Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Четири причини зошто имате многу груба кожа на стапалата (и покрај редовниот педикир) Користите многу груби алатки, како метална турпија за пети, и ја занемарувате не...
Анета Љумаковска за стилот и убавината: „Слабост ми се чанти, секоја вечер темелно го чистам лицето“ „Се трудам да бидам физички активна, и иако немам строго дефинирана рутина, се о...
Нокти кои потсетуваат на љубов - 40 идеи за маникир за Свети Валентин (фото) Денот на вљубените е совршено време за нокти со тема љубов - време е за црвени л...
Идеи за нежен пролетен маникир – ќе го посакаат и тие што сакаат едноставни нокти За оние кои сакаат едноставни наместо кич нокти, но сепак сакаат со стил да ја д...
Розов маникир за лето 2026 - тренд што треба да го пробате (фото) За љубителите на розовата боја, но и за оние што сакаат да експериментираат со б...
Долга коса, светки на кожа – 10 трендови за убавина од Мет гала 2026 кои ќе доминираат насекаде Екстремно долгите коси се враќаат во мода, но и лабаво фатените опавчиња наместо...

Најчитани неделава