Како правилно да ја миете косата?

Без разлика на тоа дали косата ја миете секој ден или секој втор ден, истата повторно може да ви биде сува со оштетени краеви или со сув корен со првут. Тоа е така, затоа што најверојатно не ја миете косата правилно.

kako-pravilno-da-ja-miete-kosata-01.jpg

Неколку чекори на кои треба да внимавате:

1. Прво треба да ја намокрите

Шампонот никогаш не го нанесувате на сува коса. Секогаш треба да внимавате косата да ви е доволно мокра пред да го нанесете шампонот на неа. Мијте ја косата со топла вода, бидејќи истата го релаксира коренот и го впива цело масло од неа.

kako-pravilno-da-ja-miete-kosata-1.jpg

2. Ако имате долга коса, нанесете балсам

Доколку имате долга коса, не ставајте прво шампон – почнете со регенератор, бидејќи истиот ќе ги омекне краевите и ќе добијат сјај.


3. Нанесете шампон само на коренот

Кога нанесувате шампон, ставајте го само на коренот на косата, не на целата коса. Косата на самиот корен е помасна и бара поголема нега.


4. Немојте да бидете груби

Косата никогаш не ја мијте со брзи и груби потези, затоа што така ќе ја оштетите. Мијте ја вашата коса како да е најнежната работа на светот.

kako-pravilno-da-ja-miete-kosata-2.jpg

5. Процесот не го повторувајте

Доволно е да ставите само по еднаш и од регенераторот и од шампонот во спротивно, дополнително ќе ја оштетите косата.


6. Миењето завршете го со студена вода

За разлика од топлата вода која ги омекнува и релаксира порите и коренот на косата, миењето со ладна вода ги затвора, па на крајот вашата коса треба да ја поминете со ладна вода. На тој начин вашата коса ќе биде убава и сјајна.

kako-pravilno-da-ja-miete-kosata-3.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 типа обетки кои стојат одлично на седа коса Дури и косата да ви е седа, не мора да „им се давате на годините“. Напротив, пос...
Топ трендови за убавина кои ќе владеат во есен-зима 2025 Пуштената неуредна коса ќе биде модерна, но и залижана фризура на патец, а кога ...
Како лакот за нокти да ви трае подолго од два дена? Темелно измијте ги исушете ги ноктите пред лакирање, и не заборавајте да ставите...
Шест знаци дека вашата кожа е „истрошена“ и оштетена (и како да ја вратите во нормала) Ако забележувате нерамномерна текстура на кожата или црвенило, па и пецкање, тог...
Митови за парфеми во кои веруваме сите - Скапите траат подолго, немаат рок на траење Не е точно дека скапите парфеми треба да траат подолго бидејќи долготрајноста не...
Идеи за нежен пролетен маникир – ќе го посакаат и тие што сакаат едноставни нокти За оние кои сакаат едноставни наместо кич нокти, но сепак сакаат со стил да ја д...

Најчитани неделава