Жените низ светот ставаат сода бикарбона под очите: Зошто треба да почнете и вие?

Покрај тоа што може да ви помогне да ја исчистите буквално целата куќа, сода бикарбоната е ефикасно козметичко средство за разубавување.

zenite-niz-svetot-stavaat-soda-bikarbona-pod-ocite-zosto-treba-da-pocnete-i-vie-01.jpg

Ако малку подобро ги погледнете декларациите на производите за нега кои ги користите секојдневно, ќе видите дека многу од нив содржат сода бикарбона, само помешана со еден тон хемикалии.

Зошто да не ги прескокнете хемикалиите и да ја користите во природен облик?

Маската од сода бикарбона е идеална за ослободување од подочниците, темните кругови околу очи и подуените капаци.

Ако имате барем еден од овие проблеми, задолжително пробајте.

Потребно ви е:

  • Шолја топол чај од камилица
  • Лажица сода бикарбона

Подготовка:

Чајот треба да биде млак, не премногу топол. Измешајте ја содата во чајот, па натопете две парчиња памук или козметички сунѓер во мешавината. Ставете под очите како облоги. Треба да делуваат најмалку 15 минути.

Потоа исплакнете го лицето, па нанесете крема или природно масло против брчки, како на пример кокосово.

Ако редовно го правите овој третман нема да имате никаква потреба од серуми и маски.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 грешки поради кои пудрата ви изгледа лошо и неприродно Ја нанесувате со суво сунѓерче и ја тегнете кожата кога ја размачкувате. Ја н...
Од руса, до црвена: Трендови за бои на коса што ќе доминираат во 2026-та Темноцрвената, црната со изразен сјај, како и „студената“ руса боја ќе бидат меѓ...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
35 идеи за маникир инспириран од новогодишните празници (одлични и за кратки и за долги нокти) Елки, сијалички, ирваси, светки, црвената и зелената боја, снегулките... сето ов...
Фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса - 8 идеи за деновите кога не можете да ја измиете Има денови кога мора да отидете „меѓу луѓе“, но косата ви е мрсна, а вас ве мрзи...

Најчитани неделава