Што му прават млечните производи, виното и шеќерот на вашето лице?

Дали сте свесни како млечните производи, виното, глутенот и шеќерот влијаат на изгледот на вашето лице?

sto-mu-pravat-mlecnite-proizvodi-vinoto-i-sekerot-na-vaseto-lice-001.jpg

Експертите и нутриционистите веруваат дека храната и пијалаците кои човекот ги консумира можат видно да му го изменат ликот и кожата.

Поточно, еве како ќе изгледа вашето лице ако многу често ги консумирате овие 4 видови на храна и пијалаци:

Винско лице

Линиите и црвенилото меѓу очите ќе ви станат секојдневие, како и спуштените капаци. Кожата ќе ви биде сува и дехидрирана, со светли линии над образите, розови обраци и нос, зголемени пори и големи брчки кога ќе се насмеете.

sto-mu-pravat-mlecnite-proizvodi-vinoto-i-sekerot-na-vaseto-lice-1.jpeg


Млечно лице

Ако многу често консумирате млечни производи очекувајте вовлечени капаци, подуени кесички под очите и темни кругови. Малите бели точки на брадата се уште еден знак дека претерувате со јадењето на млечни производи.

sto-mu-pravat-mlecnite-proizvodi-vinoto-i-sekerot-na-vaseto-lice-2.jpeg


Глутенско лице

Подуените црвени образи се типични за луѓето нетолерантни на глутен, како и темните флеки и точки околу брадата.

sto-mu-pravat-mlecnite-proizvodi-vinoto-i-sekerot-na-vaseto-lice-3.jpeg


Шеќерно лице

Можеби најстрашната промена која ќе ја доживеете ако претерувате со консумирање на шеќер е збрчканата кожа. Линиите и брчките на челото, вовлечените очи, слабото и ковчесто лице со болни точки, кожата која се затега се највоочливите симптоми. Кожата која на места има бели или сиви флеки исто така е уништена од премногу шеќер.

sto-mu-pravat-mlecnite-proizvodi-vinoto-i-sekerot-na-vaseto-lice-4.jpeg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чести грешки во негата на лице кои сигурно ги правите (а можат да ја оштетат кожата) Дали ги нанесувате продуктите на сува или на влажна кожа? А, дали ги користите и...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Елена Николовска, фризерка, за CRNOBELO: „Дали косата треба да е мрсна или чиста пред фарбање?“ Дали треба да се фарбате на чиста коса? Или е подобро ако косата ви е мрсна? Ово...
Топ 7 бои на коса кои ќе бидат хит во есен 2025 Нежна бакарна, но и бакарна во комбинација со руси тонови, богати чоколадни нија...
Долга коса, светки на кожа – 10 трендови за убавина од Мет гала 2026 кои ќе доминираат насекаде Екстремно долгите коси се враќаат во мода, но и лабаво фатените опавчиња наместо...
7 типа обетки кои стојат одлично на седа коса Дури и косата да ви е седа, не мора да „им се давате на годините“. Напротив, пос...

Најчитани неделава