Збогум на влакната - Како изгледаше нашето второ искуство со Philips Lumea?

zbogum-na-vlaknata-kako-izgledase-naseto-vtoro-iskustvo-so-philips-lumea-1.jpg

Најпрво, ме радува интересот кој го покажаа дамите после постот за моето прво искуство со Philips Lumea. Не е ни чудо, не верувам дека постои жена која не сака да си го олесни животот во поглед на отстранување на влакната. Ова ми беше само плус мотивација за одвај да дочекам да го направам вториот третман.

На кратко, доколку не ги прочитавте впечатоците од моето прво запознавање со Philips Lumea:

Philips Lumea e IPL уред за домашна употреба кој го намалува растот на влакната после одреден временски период. IPL е технологија на пулсирачко светло со висок интензитет кое делува на коренот на влакната и го спречува нивното повторно растење. Истражувањето на Philips докажало значително намалување на густината на влакната веќе после 2 третмани, а оптимални резултати од 75% намалена густина на влакната би требало да се постигнат после 3 до 4 третмани.

И, она што е најважно, целиот процес е БЕЗБОЛЕН и можете да си го правите дома кога ќе најдете слободно време.

Поминаа 2 седмици од првиот третман и јас решив оваа недела денот да си го посветам на себе, најженски на свет: Убав туш од сабајле, кафе и овошје за појадок, лакирање нокти и втор третман со Philips Lumea. Звучи совршено, нели?

Штом се разбудив, го ставив уредот да се полни и од прилика му беа потребни околу час и половина.

Додека се туширав, ги избричив деловите од телото кои ги третирам со Philips Lumea. Спремна, го почнувам третманот!

zbogum-na-vlaknata-kako-izgledase-naseto-vtoro-iskustvo-so-philips-lumea-2.jpg

За разлика од првиот пат, сега веќе се чувствувам како професионалец и можам дури и да почнам да правам третмани и на други :-)

Сега сфаќам дека навистина е ептен лесно за употреба – вклучете, одберете интензитет, поставете го на кожата соодветно и кога ќе светне зеленото светло, почнете го третманот!

zbogum-na-vlaknata-kako-izgledase-naseto-vtoro-iskustvo-so-philips-lumea-3.jpg

Морам да признаам дека полека ми станува рутина и целиот процес е забавен и супер едноставен.

Дефинитивно ми оди побрзо и сум далеку повешта во движењата. Нозете, рацете, бикини зоната решив овој пат да ги третирам на 4ка, а пазувите на 3ка бидејќи сепак ова е понежен дел од телото. 

zbogum-na-vlaknata-kako-izgledase-naseto-vtoro-iskustvo-so-philips-lumea-4.jpg

Ако за првиот пат ми беа потребни за двете нозе по околу 15 минути, за рацете 10-тина минути, за пазувите околу 1 минута и препоните околу 5 минути, овој пат се комплет завршив за околу 30 минути. И да, немав потреба да излезам од дома на дождливото време, да закажувам третмани или да се кубам со ленти восок. Сега за сега, олеснувањето е големо, барем за мене.

Првите повидливи резултати би требало да ги имам после овој третман, значи веќе во следната статија очекувам и да ви се пофалам со проретчени влакна.

Можеби бидејќи желбата и возбудата кај мене постојано расте, имам чувство и впечаток дека веќе можам да забележам разлика во густината на влакната, особено во делот на нозете под колената и во долниот дел на рацете (подлактицата). Ова само ме мотивира повеќе да продолжам со третманите.

До следно читање, кај нас Philips Lumea Prestige може да се купи во продавниците на Нептун.

Доколку го пропуштивте моето прво искуство, прочитајте го овде.

Се читаме за две седмици, а до тогаш останете прекрасни и насмеани! 

Би можело да ве интересира:

12 жени кои излегоа со плачење од салон за убавина и не можеа да го скријат разочарувањето (фото) „Косата требаше да ми биде многу бледо розова, а не интензивно розова. Кога се п...
Топ 10 идеи за летен педикир - Совршени нокти за на плажа во 2026-та Класичниот француски маникир не е во тренд, ниту пак црвените светли нијанси. То...
10 предлози за педикир кои се тренд во лето 2025 Од француски педикир со флуросцентни бои, до леопардски дезени, но и едноставни ...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Идеи за нежен пролетен маникир – ќе го посакаат и тие што сакаат едноставни нокти За оние кои сакаат едноставни наместо кич нокти, но сепак сакаат со стил да ја д...
8 идеи како да ја стилизирате долгата коса летово, без да одите на фризер (фото) Нема да ви одземат многу време, а и не мора да имате којзнае каков „фат“ за да м...

Најчитани неделава