За чиста и мазна кожа без акни - Ставете свежи домати на лицето

Акните се вистинско проклетство за голем број луѓе. За среќа, многумина го оставаат зад себе овој проблем онака како што го оставаат зад себе полнолетството, но има луѓе кои овој проблем ги мачи подолго време.

za-cista-i-mazna-koza-bez-akni-stavete-svezi-domati-na-liceto-1.jpg

Постојат безброј производи за акни, но најголемиот дел од нив се скапи и полни со хемикалии.

Сепак постои еден природен лек кој ќе ви помогне да го решите овој проблем, а можете да го посадите дури и во вашиот двор – свеж домат!

Свежо исечканиот домат може да помогне во смирувањето на акните па дури и да ги намали старите лузни. Тајната се наоѓа во неговиот состав, односно високиот процент на витамините А, Ц, Е и Б6.

Земете свеж домат и пресечете го на пола. Со пресечениот дел тријте ги деловите каде акните се најприсутни. Измасирајте ги деловите со сок од домат и на крајот измијте се со топла вода. Ова е одличен метод за оние кои имаат само неколку минути.

za-cista-i-mazna-koza-bez-akni-stavete-svezi-domati-na-liceto-2.jpg

Сите оние кои може да посветат повеќе време, може да си направат маска за лице за која ви е потребен еден свеж домат кој ќе го засечете во форма на „Х“ на горниот дел. Потоа налејте топла вода низ засечениот дел. Потоа пресечете го на пола и извадете ги семките и ставете ја пулпата додека не добиете доволна паста.

Вака подготвената маска ставете ја на лицето и оставете да делува еден час. Ако редовно ја користите маската, за кратко време ќе забележите неверојатно подобрување.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Топ 10 идеи за летен педикир - Совршени нокти за на плажа во 2026-та Класичниот француски маникир не е во тренд, ниту пак црвените светли нијанси. То...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Трендови за маникир што доминираат периодов (и три што веќе застаруваат) Путер жолтиот маникир веќе застарува, но затоа, пак, топлите нијанси на кафе ил ...
Изберете маникир според хороскопскиот знак, за до крајот на летото (фото) Ако сте Овен може импулсивно да изберете маникир, па да се каете, а ако сте Деви...
4 грешки поради кои пудрата ви изгледа лошо и неприродно Ја нанесувате со суво сунѓерче и ја тегнете кожата кога ја размачкувате. Ја н...
Црвен лак за силен впечаток оваа пролет - Како да го комбинирате со бои и шари? Наместо еднобојни црвени нокти, експертите за маникир сезонава препорачуваат ком...

Најчитани неделава