Изберете маникир според хороскопскиот знак, за до крајот на летото (фото)
Ако сте Овен може да ви се случи импулсивно да изберете маникир, а ако сте Девица, да анализирате „до бесвест“, да изберете маникир и пак да се каете на крај... Каков летен маникир е совршен за вас, според хороскопскиот знак?

Секој хороскопски знак има различен карактер, темперамент, стил.
Па кога на тоа ќе се додадат и боите што го карактеризираат - не е тешко да се избере боја или стил што се идеални за секој хороскопски знак, за до крајот на летото...
Кој маникир е најдобар за секој знак во хороскопот?
Розови нокти за Овните
Овните се смели, енергични и секогаш подготвени да пробаат нешто ново - затоа розовата е совршена за вашиот летен маникир, и тоа нијанса која оди кон виолетово.
Оваа розова нијанса е слатка и со мала доза на смелост, што е совршено за хороскопскиот знак кој е подготвен да се истакне.

„Гол“ маникир за Биковите
Имате природна склоност да уживате во животот и да сакате луксуз.
Затоа идеален маникир за вас е „голиот“ маникир, т.е неутрална крем нијанса, која е лесна за комбинирање, а истовремено е безвременска и го покажува вашиот префинет вкус.

Неколку бои за Близнаците
Познати сте по тоа што ги гледате двете страни на секоја ситуација - па зошто тогаш да се задоволите само со една боја на нокти?
Маникирот во нијанси кои се надополнуваат е совршен за вашиот разиграна, но и љубопитен карактер - изберете нијанси кои се движат од бледо розова до црвена.

Бисерен лак што се прелева за Раковите
Овој маникир со бисерен сјај, кој притоа и се прелева, е совршен за Раковите кои сакаат кога едноставните дизајни ќе станат впечатливи.
Овој маникир е елегантен е, препознатлив и ќе се вклопи со сите ваши комбинации од утро до вечер.

3Д нокти со школки за Лавовите
Веројатно вам ви се допаѓа маникир што привлекува внимание, па ноктите со 3Д школки гарантирано ќе ви донесат комплименти.
А и смелиот, впечатлив дизајн одговара на вашата самоуверена енергија - ако не ви се допаѓа розова, пробајте го истиот маникир во сина или зелена боја.

Нежен маникир за Девиците
Девиците ценат сè што е практично и складно, а тоа ја прави зелено-жолтата нијанса совршена за летен маникир за нив.
Оваа тренди нијанса е луксузна, но и интересна за да може да се комбинира со сите летни комбинации - од оние за на плажа до оние за вечерно излегување.
