Изберете маникир според хороскопскиот знак, за до крајот на летото (фото)
Уметнички стил за Вагите
Вагите се софистицирани, шармантни и естетски ориентирани.
Затоа идеален маникир е комбинација од нежни бои со златни детали - нема да можете да престанете да им се восхитувате на вашите нокти.

Смел летен маникир за Скорпиите
Ако постои еден знак што може да износи смел црвен маникир во лето, тоа е Скорпијата.
Страсни, магнетни и малку мистериозни, вие сте создадени за класичната и моќна црвена боја.

Маникир инспириран од Италија за Стрелците
Овој маникир оди рака под рака со вашите планови за летни патувања, а одговара на вашата авантуристичка природа.
Ноктите инспирирани од Италија, со лимони и сина боја како морето се совршени за вас.

Безвременски стил за Јарците
Јарците го ценат класичниот стил, па затоа за вас е совршен невидлив француски маникир - уникатен, луксузен и безвременски.
Ќе уживате во неговиот суптилен сјај и млечно белата/розова боја.

Дречлив француски маникир за Водолиите
Водолиите сакаат да имаат целосно индивидуалистички маникир и нивниот најлош кошмар е да носат нешто исто како и сите други.
Затоа изберете француски маникир во дречлива боја.

Морски маникир за Рибите
Рибите обожаваат вида, па затоа летово за нив идеален избор е син, морски маникир.
Изберете светло сина боја за супер летни и романтични нокти, без разлика дали одморате на плажа или сонувате за морето во канцеларијата.

А. Ј. | Црнобело