Каква шминка е подобро да купувате - Скапа или евтина?

Кога станува збор за козметичките производи, многу луѓе сметаат дека колку се тие поскапи, толку се поквалитетни и подобри. Но дали е тоа навистина така?

test-skapa-sminka-nasproti-evtina-sminka-01.jpg

Една девојка решила да направи тест користејќи производи чија цена е навистина повисока и важат за квалитетни и производи кои можете да ги купите за навистина ниска цена.

Резултатите можете да ги видите на сликите подолу...

Кожа

Евтина козметика (лево): Пудрата има кремаста структура и се чини дека не покрива доволно. Не ја измазнува кожата, а ја суши и затегнува. Руменилото дава нерамномерен тен и дава портокалов тен на лицето.

Пудра — 7 долари, руменило — 6 долари.

Скапа козметика (десно): Пудрата ги покрива сите несовршености и е лесна за нанесување. Исто така и руменилото.

Пудра — 54 долари, руменило — 43 долари.

test-skapa-sminka-nasproti-evtina-sminka-001.jpg

Очи

Евтина козметика (лево): Текстурата на сенката е густа. Лесно се нанесува и не избледува и не се замачкува. Тушот се нанесува лесно, маскарата не е лоша, но е грутчеста.

Сенка за очи— 10 долари, туш — 7.50 долари, маскара — 9 долари.

Скапа козметика (десно):  Текстурата на сенката е густа и не се размачкува. Тушот се чини ист како претходниот, а маскарата се нанесува лесно.

Сенка за очи— 46 долари, туш — 32 долари, маскара — 29 долари.

test-skapa-sminka-nasproti-evtina-sminka-02.jpg

Усни

Евтина козметика (лево): Карминот има бисерен финиш и посебен мирис. Покрај тоа, се чини добар.

Кармин – 8 долари.

Скапа козметика (десно): Карминот е мат и има убав мирис. Се чини дека ја суши усната и е тешко да се нанесе еднакво.

Кармин – 35 долари.

test-skapa-sminka-nasproti-evtina-sminka-03.jpg

Крајниот резултат

Првично не се забележува голема разлика меѓу двата изгледа, освен очигледната разлика во пудрата.

Сепак тестирањето не би било комплетно доколку не се види како би издржала шминката во критични ситуации какао што е на пример дождот.

test-skapa-sminka-nasproti-evtina-sminka-04.jpg

Тест со дожд:

Евтина козметика (лево): Иако на маскарата пишуваше дека е водоотпорна, сепак не го помина тестот, исто како и тушот.

Скапа козметика (десно): Маскарата и тушот го поминаа тестот. Останаа исти, а сенката, за разлика од евтината која остана иста, се насобра на средишниот дел од капакот. Кожата стана посјајна.

test-skapa-sminka-nasproti-evtina-sminka-05.jpg

Тест со јаболко:

Евтина козметика(лево): Карминот речиси го снема.

Скапа козметика (десно): Бојата на карминот малку избледи во центарот на усните, но сепак не изгледа лошо.

test-skapa-sminka-nasproti-evtina-sminka-06.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Вирално видео: Како да не ја извалкате белата кошула со пудра додека ја носите? За да ја „заштитите“ белата кошула од шминката на лицето, ќе ви треба само еден ...
Осум причини зошто некои жени се младолики над 40, а некои не Покрај генетиката над која немаме многу контрола, знаевте ли дека и начинот на к...
Како руменило, како коректор: За што сè можете да го користите карминот? Кога имате кармин со кремаста формула, ќе можете да го користите и како&nbs...
5 трикови за шминка и убавина кои ќе ви заштедат време (и пари) Понекогаш шминкањето одзема многу време, а и сите производите не се евтини. Но, ...
„Не сте грди, туку немате пари“: Инфлуенсерка открива колку троши за да изгледа совршено „Не, Џенифер Лопез не користи маслиново масло на нејзината кожа, најверојатно им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg