5 грешки со кармин кои ви додаваат години

Не правите пилинг на усните, ја игнорирате бојата на вашата кожа и претерувате со мат кармини по 40-тата година.

5-greshki-so-karmin-koi-vi-dodavaat-godini-01.jpg

Кога избирате кармин, не можете да се водите само по она што е во тренд.

Има многу фактори кои влијаат на тоа како ќе ви стои некој кармин, а постојат и грешки кои можат да ви додадат години.

Пет од најчестите грешки со кармин:

Ја игнорирате бојата на вашата кожа

Кога одбирате кармин, мора да ја земете предвид бојата на вашата кожа, вклучително и на усните.

Ако нијансата на карминот не се совпаѓа, може да го стави фокусот на усните, па и да ги нагласи брчките во оваа област.

На пример, дречливиот кармин не ѝ стои добро на Џеј Ло бидејќи има потемен тен. Но, потемната нијанса на црвен кармин ѝ стои одлично и изгледа многу поприродно.

5-greshki-so-karmin-koi-vi-dodavaat-godini-02.JPG

Претерувате со мат текстура

Мат кармините се хит, но не треба да претерувате со нив.

Ако карминот е многу сув, ќе ги истакне брчките околу устата, без разлика каква боја има.

Доколку сте повозрасни и забележувате дека волуменот на усните ви е намален, тогаш е подобро целосно да ги избегнувате мат кармините.

5-greshki-so-karmin-koi-vi-dodavaat-godini-03.JPG

Не правите пилинг на усните

Без разлика каков кармин ќе ставите, штом усните ви се суви и кожата се лупи, нема да изгледа добро.

Важно е да ги негувате усните исто како и лицето. Барем еднаш неделно правете нежен пилинг и редовно користете балсам за хидратација.

Секако, пијте и доволно вода за да го хидрирате телото.

5-greshki-so-karmin-koi-vi-dodavaat-godini-04.JPG

Не ја земете предвид вашата возраст

Боите што ви стоеле добро во младоста може да делуваат нападно ако имате 40, па и повеќе години.

Премногу дречливите бои ги истакнуваат брчките и текстурата на усните, па можат да направат да изгледате постаро.

5-greshki-so-karmin-koi-vi-dodavaat-godini-05.JPG

Не користите моливче за усни

Ако не ставите моливче за усни, карминот побрзо ќе се разлее и ќе ги истакне брчките во оваа област.

Моливчето делува како бариера и го прави карминот подолготраен.

Покрај тоа, со него можете да додадете волумен на усните, што ќе ви даде помалдешки изглед.

5-greshki-so-karmin-koi-vi-dodavaat-godini-06.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Чести грешки во негата на лице кои сигурно ги правите (а можат да ја оштетат кожата) Дали ги нанесувате продуктите на сува или на влажна кожа? А, дали ги користите и...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg