Девојка со екстремно темна кожа која била предмет за исмевање, сега ги освојува симпатиите

Коудија Диоп е 19-годишна девојка со неверојатно темен пигмент, заради кој во минатото била предмет за исмевање.

devojka-so-ekstremno-temna-koza-koja-bila-predmet-na-ismevanje-sega-gi-osvojuva-simpatiite-001.jpg

„Постојано ме задеваа додека растев, заради бојата на кожата. Па дури и денес луѓето коментираат, без оглед дали тоа е во лице или на социјалните мрежи,“ вели прекрасната тинејџерка која моментално се издигнува во светот на модата.

„Како што растев, сфаќав дека никој нема да ме сака ако јас не се сакам, и почнав да не им обрнувам внимание на негативните луѓе.“

Откако Коудија решила да се занимава со моделинг уште на 17 години, социјалните мрежи се преплавени со нејзините фантастични фотки.

На Инстаграм има над 235.000 следбеници и се обидува да им помогне на сите луѓе низ светот да научат да ги обожаваат своите различности.

„Ако си доволно среќен да бидеш различен, никогаш немој да се менуваш“ е нејзиното мото.

Не можеме, а да не се согласиме.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Една фризура која ќе биде хит летово, а се прави лесно – ќе ја обожаваат девојки кои немаат време за... Нирвана брановите се новиот тренд за лето 2026 - младите ги враќаат трендовите о...
Активни состојки во продуктите за нега што треба да ги избегнувате ако имате сува кожа Салицилната киселина е состојка која може да помогне во борбата против акни. Но,...

Најчитани неделава