Активни состојки во продуктите за нега што треба да ги избегнувате ако имате сува кожа

Салицилната киселина е состојка која може да помогне во борбата против акни. Но, ако имате сува кожа, салицилната киселина може да биде премногу груба и да ви предизвика иритација.

aktivni-sostojki-vo-produktite-za-nega-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-ako-imate-suva-kozha-01.jpg

Никогаш претходно сме немале толку многу продукти за нега на кожа како денес.

Серуми, тонери, кремови, маски – постојат продукти за буквално секаков тип на кожа и скоро сите се наоѓаат по прифатлива цена.

Но, кога изборот е толку голем, сепак станува потешко да откриете што најдобро функционира за вас.

Денес повеќето продукти за убавина имаат таканаречени активни состојки чија цел е да третираат одредени проблеми, како црвенило, сувост, акни…

Но, додека некои активни состојки можат да ви бидат од огромна корист, дури може да ви создадат повеќе проблеми

Активни состојки кои е најдобро да ги избегнувате ако имате сува кожа:

Салицилна киселина

Салицилната киселина е состојка која може да помогне во борбата против акни. Продира длабоко во кожата, ја ексфолира и го чисти вишокот масти и нечистотии.

Но, ако имате сува кожа, салицилната киселина може да биде премногу груба и да ви предизвика иритација.

Бензоил пероксид

И ова е активна состојка која може да помогне во намалувањето на појава на акни и мозолчиња, а може да го отстрани и вишокот масти.

Сепак, кај сува кожа, може дополнително да ја иритира, па дури и да предизвика лупење.

aktivni-sostojki-vo-produktite-za-nega-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-ako-imate-suva-kozha-02.jpg

AHA киселини

AHA киселините се како хемиски пилинг кој помага во отстранувањето на мртвите кожни клетки.

Додека можат да бидат идеални за нормална и мрсна кожа, AHA киселините се премногу груби за сува кожа и можат да предизвикаат црвенило.

Алкохол

Алкохолот е состојка во многу продукти за убавина, но не е погоден ако имате сува кожа.

Алкохолот ја дехидрира кожата – нешто што не сакате да се случи кога веќе имате проблем со сувост.

Ретиноиди

Ретиноидите се сметаат за едни од најефикасните состојки кои го спречуваат стареењето.

Со редовна употреба, навистина може да ги намалат фините линии бидејќи го стимулираат производството на колаген.

Сепак, ако имате сува кожа, бидете внимателни со ваквите продукти.

Некои истражувања покажале дека кај сува кожа, може да предизвикаат црвенило и воспаленија.

Ако сакате да користите продукт со ретиноиди, тогаш почнете со многу мало количество, неколкупати во неделата и следете ја состојбата на кожата.

aktivni-sostojki-vo-produktite-za-nega-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-ako-imate-suva-kozha-03.jpg

Парабени

Бидејќи сувата кожа е посклона кон оштетување парабените можат да бидат премногу груби за неа.

Истот така, ако нанесе продукт со парабени во текот на денот, се зголемува ризикот од оштетување од сончевите зраци.

Парфеми

Ако имате сува кожа, секогаш купувајте продукти за нега кои не содржат парфем.

Иако сите уживаме во пријатниот мирис, парфемите можат дополнително да ја исушат кожата, па дури и да предизвикаат црвенило и чешање.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Чести грешки во негата на лице кои сигурно ги правите (а можат да ја оштетат кожата) Дали ги нанесувате продуктите на сува или на влажна кожа? А, дали ги користите и...
Состојки што е најдобро да ги избегнувате ако имате кожа склона кон акни Никако немојте да користите кокосово масло на лицето и прескокнете ги продуктите...

Најчитани неделава