Состојки што е најдобро да ги избегнувате ако имате кожа склона кон акни

Никако немојте да користите кокосово масло на лицето и прескокнете ги продуктите кои содржат алкохол.

sostojki-shto-e-najdobro-da-gi-izbegnuvate-ako-imate-kozha-sklona-kon-akni-01.jpg

Денес наоѓањето на соодветни продукти за нега на лице и навистина голем подвиг.

Серуми, тонери, кремови и што уште не со колаген, хијалурон, ниацинамид… Со толку многу опции, треба да направите добро истражување за да знаете што е соодветно за вас, особено ако имате проблематична кожа склона кон акни.

Ако спаѓате во оваа категорија, консултацијата со дерматолог може да ви биде од помош.

Истовремено, добро би било да знаете кои состојки треба да ги избегнувате во вашите продукти.

Седум состојки кои можат да ја влошат состојбата на проблематичната кожа:

Парфеми

Парфемите во продуктите можат да бидат мешавина од разни хемикалии од кои дел може да ја иритираат проблематичната кожа.

Затоа, најдобро избегнувајте ги овие продукти.

Етерични масла

Во многу продукти, особено оние кои се рекламираат како природни, има и етерични масла.

Но, етеричните масла се многу концентрирани и поради ова ја иритираат многу чувствителната кожа.

За кожа склона кон акни, доста лошо може да биде и кокосовото масло, па максимално избегнувате го за нега на лице.

sostojki-shto-e-najdobro-da-gi-izbegnuvate-ako-imate-kozha-sklona-kon-akni-02.jpg

SLS

SLS (или натриум лаурил сулфат) е корисна состојка во многу продукти за убавина, но не и ако имате проблематична и мрсна кожа.

Оваа состојка може многу да ја исуши кожата, да ја иритира и да ѝ ја влоши состојбата ако веќе имате акни.

Алкохол

Има разни видови алкохол кои се додаваат во продуктите за нега на лице.

Проблемот е што можат многу да ја исушат кожата, па таа да почне да лачи уште повеќе масти и да ја влоши состојбата.

Па, избегнувајте продукти со алкохол.

sostojki-shto-e-najdobro-da-gi-izbegnuvate-ako-imate-kozha-sklona-kon-akni-03.jpg

Натриум хлорид

Натриум хлорид (или сол) често се користи во продукти за чистење и пилинг.

Сепак, оваа состојка е многу агресивна за проблематичната кожа.

Генерално, избегнувајте и пилинзи со гранули, без разлика што содржат, бидејќи ја оштетуваат кожата и дополнително ја иритираат.

Екстракт од алги

Екстрактот од некои алги може да го регулира лачењето на масти и да ја на мали иритацијата.

Проблемот е што постојат многу видови алги, од кои дел можат да ја влошат состојбата на кожа склона кон акни.

Па, освен ако не сте сигурни дека екстрактот од алги е погоден за вашата кожа, најдобро прескокнете го продуктот.

sostojki-shto-e-najdobro-da-gi-izbegnuvate-ako-imate-kozha-sklona-kon-akni-04.jpg

Ланолин

Ланолинот е масна материја што се добива од овча волна и е честа состојка во кремови.

Иако може да ја заштити кожата, не е препорачлива ако имате мрсна кожа бидејќи ги затнува порите и може да го зголеми ризикот од појава на нови акни.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Чести грешки во негата на лице кои сигурно ги правите (а можат да ја оштетат кожата) Дали ги нанесувате продуктите на сува или на влажна кожа? А, дали ги користите и...
Вирален хит: Домашна маска од 4 состојки за сјајна и мека коса како на принцеза (видео) Ако сакате косата да ви биде мека, сјајна и блескава како на принцезите со долги...

Најчитани неделава