Вирален хит: Домашна маска од 4 состојки за сјајна и мека коса како на принцеза (видео)

Ако сакате косата да ви биде мека, сјајна и блескава како на принцезите со долги и густи коси – потребни ви се само 4 состојки кои веројатно ги имате дома. Тиктокерка покажува како ја подготвува маската и каков е ефектот на косата по користење. 

viralen-hit-domashna-maska-od-4-sostojki-za-sjajna-i-meka-kosa-kako-na-princeza-video-01.jpg

На ТикТок летово стана вирален хит видео од девојка која покажува како си прави домашна маска за коса.

Сара Мариото има темна, густа и долга коса, а наводно по користењето на маската, истата ѝ станува блескава и сјајна, како на принцезите од бајките.

Во видеото таа споделува како ја подготвува маската, а потоа и резултатот.

Како се подготвува маската:

Во една тегла се мешаат 1 лажица кокосово масло, 1 лажица маслиново масло, 1 лажица мед и 1 лажица од вашиот регенератор за коса.

viralen-hit-domashna-maska-od-4-sostojki-za-sjajna-i-meka-kosa-kako-na-princeza-video-02.jpg

Како се користи:

1. Се нанесува на сува коса, повеќе во долниот дел, а коренот подобро е да го избегнете.

2. Оставете ја да делува 30 минути до 1 час. Може да ја покриете со капа за бањање за да не се мрсите.

3. Потоа исплакнете ја, измијте ја регуларно со шампон и регенератор, па исфенирајте ја.

viralen-hit-domashna-maska-od-4-sostojki-za-sjajna-i-meka-kosa-kako-na-princeza-video-03.jpg

Во коментари мислењата се поделени – многумина пишуваат дека ја пробале и дека навистина функционира, а оние пак, кои имаат ретки влакна на косата се жалат дека за нив ова не е добра маска бидејќи прави полош ефект.

Погледнете го видеото:

@sarahmariotto4

Try this mask for shiny hair‼️‼️ #haircut #hairstyletutorial #viral #hairtok #hairmask #hairmasknatural #creatorsearchinsights #foryou

♬ original sound - Abelsメ0

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...

Најчитани неделава