Трикови со маскара кои секоја жена треба да ги знае

Што би правела секоја жена без маскара? Овој козметички производ им овозможува на дамите да го разубават изгледот на очите и целото лице без премногу мака, од стариот Египет па сè до ден денешен.

10-trikovi-so-maskara-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-02-01.jpg

Доколку сакате да го искористите овој производ до максимум, запаметете ги 10-те мали трикови со кои се служат професионалните шминкери:

1. Нанесувајте ја маскарата додека гледате кон долу. За ова е потребно малку пракса и мирна рака, но „push-up“ ефектот на трепките ќе ве воодушеви.  

2. Нанесете го првиот слој маскара пред шминкањето на лицето. Трепките ќе изгледаат подобро и поубаво, веројатно бидејќи во текот на шминкањето, на нив се нанесува и многу пудра и сенки, па маскарата не може да го даде својот ефект во целост. Завршниот слој нанесете го дури на крајот.  

3. Мачкајте ја целата трепка со маскарата од долу кон горе, а кога првиот слој ќе се осуши, тогаш краевите на трепките нанесете уште малку маскара, така што со четкичката ќе ги повлекувате накај слепоочниците. На крајот, ќе добиете секси мачкаст ефект.

4. Доколку сте го потрошиле тушот за очи или моливчето, можете наместо нив да нанесете и маскара на очните капаци, но никако со четкичката која е во тубата, бидејќи ќе ги изгребете. Наместо тоа, искористете стапче за уши со зашилен врв, мала четкичка за усни или четкичката од стариот туш за очи.

5. Овој трик го „позајмивме“ од Ема Вотсон. Немојте да ги исправате грешките кои сте ги направиле при нанесувањето маскара со отстранувач на шминка. Наместо тоа, натопете стапче за уши во течна пудра, и уредно коригирајте ги местата каде сте ја „зезнале“ работата.

10-trikovi-so-maskara-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-2.jpg

6. Водоотпорната маскара, како и остатоците од лепило на трепките, најдобро и најбрзо ќе ги отстраните со бебешко масло.

7. На исушената маскара секогаш можете да ѝ го продолжите векот со неколку капки - капки за очи.

8. За да ги избегнете грутчињата, завртете ја четката при извлекувањето, а немојте никако со неа да ја пумпате тубицата.  

9. На тенките трепки ќе им дадете волумен така што ќе ги намачкате од двете страни.

10. Не заборавајте да ја менувате маскарата на секои 3 месеци – здравјето на вашите очи е поважно од сè.

10-trikovi-so-maskara-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-3.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Трикови со кои холивудските дами ги кријат белите влакна без да ја фарбаат косата (а можете да ги ко... Волуменозни фризури, украси за коса, плетенки околу целата глава - холивудските ...
13 работи (во изгледот) од кои ниту една жена не треба да се срами Влакненца како „мов“ на брадата и надусниците е само една од работите за кои сов...
Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
„Испробав 5 популарни трикови за исполнети усни без филери – што функционира, а што не?“ „Беше тешко да ја чувам мешавината од чили во прав и маслиново масло на усните о...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg