Каков кармин за работа, а каков за секс?

Нашите усни комуницираат со секој што гледа во нив, и тоа многу пред воопшто да проговарат.

kakov-karmin-za-rabota-a-kakov-za-seks-001.jpg

За таа цел, научете ги тајните на комуницирање без да изговорите ни збор. Без оглед на тоа дали ќе имате средба за секс, разговор за работа или, пак, сте пошле на забава, ви откриваме кој е карминот што е полн погодок сите три пригоди:

За работа

„Кармините во боја на кожата („nude“ нијанси) оставаат впечаток на сталоженост и влеваат доверба“, ни советува Леатрис Ајсман, извршен директор на Институтот за бои Pantone. Во потрага сте по креативно работно место? Бојата на црвено вино или слива оддаваат личност на која може да се потпрете – идеално за креативни работи.

kakov-karmin-za-rabota-a-kakov-za-seks-2.jpg

Бонус трик: „Избегнувајте го грицкањето на усните во тек на разговорот за работа, бидејќи тоа може да значи дека сте нервозни“, тврди експертката за говор на тело Пати Вуд.

За забава

Смело носете циклама или силно розова боја на усните, бидејќи ќе ви помогне да стекнете нови пријателства. „Со овие бои, на сите им давате до знаење дека вашиот живот е една голема забава“, порачува експертката за бои Кејт Смит.

kakov-karmin-za-rabota-a-kakov-za-seks-3.jpg

Бонус трик:  Смејте се, но од срце! „Од искрената насмевка веѓите се спуштаат и се создаваат мали брчкички околу очите“, вели Вуд. А, тоа повикува на комуникација.

За секс

„Истражувањата покажуваат дека жените со црвен кармин се доживуваат како поатрактивни и посамоуверени“, тврди Смит. Избегнувајте ги интензивните пигменти – нежната боја за усни е попрактична.

kakov-karmin-za-rabota-a-kakov-za-seks-4.jpg

Бонус трик: Ако ве привлекува, оближете ги повремено усните. Имено, научно е докажано дека кога некој ви се допаѓа, устата произведува повеќе плунка. Оттука, оближувањето испраќа потсвесни сигнали.  

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Дречливи бои, лак со текстура - Топ 7 идеи за педикир за пролет-лето 2026 Наскоро ќе почне сезоната на сандали и одење на плажа, кога вашите прсти на нозе...
Топ 7 бои на коса кои ќе бидат хит во есен 2025 Нежна бакарна, но и бакарна во комбинација со руси тонови, богати чоколадни нија...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава