Проблематичната кожа склона кон акни, не е проблем само кај тинејџерите

Честo е сфаќањето дека проблематичната, акнеична кожа, е предизвикана од хормоните за време на пубертетот. Всушност, акнеичната кожа ги засега речиси сите возрасни групи и предизвикува симптоми како воспаление, митесери и мозолчиња. Eucerin®, со над 100 години искуство во областа на грижата за кожата, ги објаснува причините и предлага ефикасни решенија за луѓе кои имаат кожа склона кон акни.

problematicnata-kozha-sklona-kon-akni-ne-e-problem-samo-kaj-tinejdzerite-01.jpg

Кожата која е склона кон акни ги засега луѓето од сите возрасти,а не само адолесцентите. Кај најчестата форма на акни, acne vulgaris (акни за време на пубертетот), лојните жлезди во кожата произведуваат зголемено количество себум, што доведува до затнување на фоликулите со мртви клетки од кожата и бактерии, што од своја страна може да доведе до акни, воспаленија, црвенило и други промени карактеристични за оваа состојба. Овој тип кожа е познат како "склона кон акни", "подложна кон несовршености" или "многу масна". Овие видови кожни проблеми се најчести и приближно 70 до 80% од младите луѓе во целиот свет страдаат од нив. Сепак, во извесна мерка се засегнати и возрасните, особено жени во подоцнежна фаза во животот, поради хормоналните промени.

Обично склоност кон акни покажуваат местата на кожата со повеќе лојните жлезди. Затоа мрсна кожа којашто свети, бели и црни мозолчиња, најчесто се појавуваат на носот, образите, брадата и челото, како и на вратот, рамената, градите и грбот. Кожата склона кон акни е само естетски проблем. Луѓето склони кон него, треба да се справат и со воспалението, коешто може да биде болно и да има психолошки ефект врз нивниот живот.

Низа причини, меѓу кои и хормоналните промени, можат да предизвикаат зголемено производството на себум.

Се смета дека се одговорни хормоните, бидејќи акните се најраспространети меѓу тинејџерите (иако може да се јават и кај луѓе од сите возрасти). Зголемените андрогени кај момчињата и девојките за време на пубертетот ги стимулираат себацеалните жлезди на кожата да произведуваат поголеми количини себум од потребните. Во прилог на хормоните, зголемената чувствителност на себацеалните жлезди исто така придонесува за развојот на акни. Овој процес е познат како себореја. Себорејата може да ја наруши нормалната брзина на отстранување на мртвите клетки од кожата. Кога кожата произведува прекумерно количество себум и не ги отстранува доволно мртвите кожни клетки, тие можат да се акумулираат во фоликули на косата и да формираат еден вид мек чеп. Овој чеп доведува до постепено зголемување (надуеност) на фоликулот до создавање на комедон, воспален митесер или гнојаница.

Кај луѓето со кожа склона кон акни, прекумерното производство на себум создава идеална средина во која можат да се размножуваат безопасните бактерии на акните (Propionibacterium acnes). Бактериите кои обично живеат на кожата без да создаваат проблеми се натрупуваат и потоа ги колонизираат затнатите фоликули, формирајќи папули или пустули. Микровоспалението е помала причина за формирање на акни и е предизвикано од надворешни или внатрешни стресни фактори. Тоа е најчестата причина за појава на акни.

Нашата генетска предиспозиција и начин на живот се едни од основните причини за склоноста на кожата кон акни.

Постојат докази дека генетската предиспозиција игра голема улога во развојот на акни. Ако и двајцата родители страдале од акни за време на пубертетот, има голема веројатност и нивните деца да имаат акни. Исто така, децата на родители кои имаат акни на зрела возраст, се склони кон иста состојба. Други надворешни фактори, како начинот на живот и исхраната, исто така придонесуваат за појавата на акне. Како алкохолот, така и никотинот влијаат негативно врз состојбата на кожата. Неправилна или недоволна нега на кожата, погрешни козметички производи и факторите на животната средина, исто така, може да предизвикаат затнување на порите, што води кон бактериски раст и воспаление.

Повеќето случаи на акни се предизвикани од дејството на андрогените хормони на себацеалните жлезди, со создавање на прекумерни количини себум. Луѓе на различна возраст можат да имаат акни, особено жените кои доживуваат хормонални промени, како на пример во бременост. Акните кај возрасни луѓе не се манифестираат како тешка себореа, но може да бидат придружени со навидум сува или пак премногу мрсна состојба на кожата. Овие пациенти исто така  е потребно да се консултираат со дерматолог.

Грижа за нашата кожа

Во повеќето случаи акните исчезнуваат спонтано по пубертетот. Независно од тоа, неопходна е ефикасна терапија, којашто ќе ја превенира појавата на долготрајни белези. Намалувањето на производството на себум и на тој начин себорејата, е важен аспект во лечењето. Преку нормализирање на одделувањето на мртвите клетки на кожата, ќе се образуваат помалку бели и црни комедони (хиперкератоза) и ќе се редуцира запушувањето на порите. Се намалува и бактериската колонизација, којашто влијае на  воспалението. Исто така е корисно да се избегнува колку што е можно повеќе фаќање на лицето со раце и редовно да се чисти како наутро, така и навечер.

Активните состојки во производите за нега на кожата како Ликохалкон A, имаат противвоспалително дејство и може да се користат во борбата против микровоспалението. Но и покрај тоа, многу луѓе со кожа склона кон акни прават грешки кога станува збор за нега на кожата. Лековите за акни можат да предизвикаат несакани ефекти како иритација на кожата и сувост, што од своја страна може да го ограничи придржувањето на пациентите кон третманот. Нежното и ефикасно чистење кое е од суштинско значење за состојбата на кожата, проследено со кератолитичен, антибактериски и антиинфламаторен третман, ги спречуваат несаканите ефекти на лековите за акни. Новата линија Eucerin® Dermo Pure ги третира сите знаци на кожа склона кон акни, преку обезбедување ефикасно чистење и нега. Салицилната киселина има антибактериско и комедонолитично дејство со што ефикасно ги намалува акните и ја спречува појавата на нови. Ликохалконот A со неговото противвоспалително дејство, ја смирува иритацијата и микровоспаленијата, со што помага да се намали црвенилото на кожата.

problematicnata-kozha-sklona-kon-akni-ne-e-problem-samo-kaj-tinejdzerite-02.jpg

Со новиот Eucerin® Dermo Pure Регенеративна нега се забележува видно подобрување на кожата само после една седмица. Тој ги намалува комедоните, папулите и пустулите и води до помазна и почиста кожа.

Eucerin®DermoPure производи

  • Eucerin® Dermo Pure Skin Регенеративна нега
  • Eucerin® Dermo Pure Матирачки флуид
  • Eucerin® Dermo Pure Стик-коректор за кожа склона кон акни
  • Eucerin® Dermo Pure Интензивен смирувачки крем за кожа склона кон акни
  • Eucerin® Dermo Pure Гел за миење за масна кожа
  • Eucerin® Dermo Pure Тоник за масна кожа
  • Eucerin® Dermo Pure Мицеларна вода за масна кожа
  • Eucerin® Dermo Pure Пилинг за кожа склона кон акни

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg