Порака до парот што ме исмеваше на плажа во Грција: „Не сте вредни за почит“


Порака до парот што ме исмеваше на плажа во Грција: „Не сте вредни за почит“

Вишокот килограми, целулитот и стриите биле причина да биде исмевана и осудувана на плажа.

poraka-do-parot-shto-me-ismevashe-na-plaza-vo-grcija-ne-ste-vredni-za-pochit-01.jpg

Фелисити Хауард е плус сајз модел и основачка на движењето „Self Love Brings Beauty“ и постојано преку медиумите и социјалните мрежи испраќа порака дека мора да бидете позитивни кон своето тело и да го сакате без разлика во која форма и големина е тоа.

Неодамна таа откри дека била исмевана од страна на еден пар на плажа за време на нејзиниот летен одмор во Грција кога носела црни танга бикини.

Таа прикачи фотографија од себе во ова издание и испрати порака до нив:

„До парот кој седеше на плажата и ме исмеваше на глас и правеше фотографии од мене додека јас и моите пријатели уживавме безгрижно во бикини на плажата - ќе стојам пред вас 15 минути и ќе ви дозволам да ги направите тие фотографии затоа што моето тело е подеднакво вредно, како и вашите. Само затоа што имате тонирани тела не значи дека сте вредни за почит. Споредбата е крадец на среќата, затоа ќе го живеам најдобро што можам животот, а вие може само да продолжите да се справувате со вашите несигурности“.

Таа потоа прикачи уште една фотографија од себе на која напиша: „Стриите се секси“ и доби низа коментари за поддршка.

Инаку, Фелисити е еден од најуспешните плус сајз модели во моментов.

 

Stretchies are sexy ⚡️⚡️ #SelfLoveBringsBeauty

A post shared by Felicity (@felicityhayward) on

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Женски потресни исповеди: Како останав без коса? Ќелавоста не е исклучиво машка болка. Иако примарно ги засега припадниците на по...
Бои за коса кои ќе ве направат помлади за 10 години Кога ниту една крема против брчки не е доволно добра да избрише неколку години ...
Трикови за шминкање од млади мајки за кога сте „кнап“ со време Бебето плаче, сопругот бара ручек, а вие пеглате облека... Како во овој хаос да ...