Славни личности кои не ги кријат лузните на нивните тела

Од падови во детството и несреќи, па до операции и повреди, ѕвездите на кожата имаат белези кои засекогаш ќе ги потсетуваат што преживеале во минатото. И не се плашат да ги покажат во сегашноста.

slavni-lichnosti-koi-ne-gi-krijat-luznite-na-nivnite-tela-1.png

Постојат луѓе кои се срамат од сопствените лузни. Има такви кои се горди на истите, затоа што сведочат дека се борци во животот.

Имињата на нашата листа припаѓаат во втората категорија, бидејќи иако се во прилика да ги сокријат своите „мани“ – тие не сакаат да го направат тоа.

slavni-lichnosti-koi-ne-gi-krijat-luznite-na-nivnite-tela-2.jpg

Ова се славните личности кои не ги кријат лузните на нивните тела:

Кејт Мидлтон

Војвотката од Кембриџ има прекрасна и густа коса, а нејзиниот фризер златни раце, па речиси и да ѝ не се забележува лузната на главата. Но, ако внимателно погледнете, дефинитивно ќе ја видите белата линија, која се протега долж слепоочницата, од левата страна на лицето.

Историјата за лузната на Кејт Мидлтон останува мистерија. Извори тврдат дека е настаната како последица на операција што ја имала во периодот на детството.

slavni-lichnosti-koi-ne-gi-krijat-luznite-na-nivnite-tela-2.png

Принцот Вилијам

Неговата сакана не е единствената припадничка на кралското семејство со лузна на главата. И сопругот Вилијам има една на левата страна од челото, која настанала при незгода за време на голф.

Малиот принц имал тринаесет години кога го примил силниот удар, а му оставил траен белег на лицето. Со шеговит тон во гласот зборуваше за лузната, нарекувајќи ја Хари Потер во интервју од 2000 година.

„Така ја викам бидејќи понекогаш свети и луѓето ја забележуваат. Во други прилики, пак, воопшто не се приметува.“

slavni-lichnosti-koi-ne-gi-krijat-luznite-na-nivnite-tela-3.png

Кајли Џенер

Младата билионерка и ѕвезда на реалното шоу има голема лузна на левото бедро. Кајли Џенер ја здобила на петгодишна возраст, додека со сестра ѝ Кендал играле криенка, при што таа се повредила на остра шипка.

Докажувајќи дека нема никакви намери да ја крие, старлетата редовно ја покажува на фотките што ги објавува на социјалната мрежа Инстаграм. Па, дури и гордо ѝ посвети статус.

„Ја сакам мојата лузна.“

slavni-lichnosti-koi-ne-gi-krijat-luznite-na-nivnite-tela-4.png

Селена Гомез

Минатата година беше тешка за здравјето на пејачката, на која ѝ беше извршена трансплантација на бубрег. Итно беше оперирана поради компликациите предизвикани од болеста Лупус. Тогаш најдобрата другарка пожртвувано ѝ донираше орган на ѕвездата, а по хируршкиот зафат на обете девојки им останаа лузни.

Во март месец годинава, Селена Гомез со гордост ги покажа, носејќи костим за капење на одморот во Австралија.

slavni-lichnosti-koi-ne-gi-krijat-luznite-na-nivnite-tela-5.png

Принцезата Јуџин

На свадбата во октомври, невестата од британската монархија одлучи да им ја покаже на сите гости својата лузна, одбирајќи венчаница со отворен грб.

И, не само тоа. Принцезата Јуџин на церемонијата ги покани хирургот и членовите на Кралската национална ортопедска болница, кои ѝ пружиле помош за време на операцијата. Тогаш била девојче на возраст од 12 години.

„Мислам дека може да го промените начинот на кој убавината изгледа. И имате право своите лузни да им ги покажете на луѓето.“

slavni-lichnosti-koi-ne-gi-krijat-luznite-na-nivnite-tela-6.png

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
12 жени кои излегоа со плачење од салон за убавина и не можеа да го скријат разочарувањето (фото) „Косата требаше да ми биде многу бледо розова, а не интензивно розова. Кога се п...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...
Четири грешки со кои си го уништувате гелниот маникир (и вашите природни нокти) Откако целосно ќе ги извадите гелните нокти, не правите пауза и ги користите нок...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...

Најчитани неделава