Тинејџерка со ужасна фотографија предупредува за ризикот од вештачки нокти
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Референт 23-08-2019


Тинејџерка со ужасна фотографија предупредува за ризикот од вештачки нокти

Откако поради болка ги отстранила акрилните нокти кои ѝ биле ставени, видела дека нејзините нокти се во ужасна состојба и испраќа апел до сите девојки.

tinejdjerka-so-uzhasna-fotografija-predupreduva-za-rizikot-od-veshtachki-nokti-01.jpg

Пејџ Белфилд (17) објави фотографија од своите оштетени нокти за да ги предупреди луѓето за ризиците од ставање на вештачки нокти.

Таа откри дека акрилните нокти ѝ предизвикале болка и крварење, а својата приказна ја споделува за да ги освести другите девојки добро да истражат кај кого одат да ставаат нокти.

Тинејџерката била во козметички салон многу пати претходно и ставала нокти, но откако ја променила техничарката за нокти се соочила со ваков резултат:

tinejdjerka-so-uzhasna-fotografija-predupreduva-za-rizikot-od-veshtachki-nokti-04.jpg

Нејзините изгрицкани нокти биле правени со некоја специјална техника. Но, за жал процедурата не се одвивала во вистинската насока, по што Пејџ морала веднаш да ги извади акрилните нокти.

tinejdjerka-so-uzhasna-fotografija-predupreduva-za-rizikot-od-veshtachki-nokti-05.jpg

Пејџ ја обвинува електричната турпија за болката што ја искусила потоа и нестручноста на техничарката за нокти. Таа вели дека е среќна што не добила инфекција и дека сака сите девојки да внимаваат многу кај кого одат.

tinejdjerka-so-uzhasna-fotografija-predupreduva-za-rizikot-od-veshtachki-nokti-02.jpg

tinejdjerka-so-uzhasna-fotografija-predupreduva-za-rizikot-od-veshtachki-nokti-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

30 идеи за темни нокти со секаква должина и форма Темните нокти се првата работа со која жените ја најавуваат студената сезона. Ак...
8 свежи идеи за пролетен маникир со кои ќе заблескате Средените и негуваните нокти на рацете се огледало на една жена. Тие зборуваат м...
8 едноставни идеи за шминка со кои ќе заблескате во новогодишната ноќ ... Веќе на памет ја знаеме вообичаената рутина за шминкање која ни ја сервираат нас...