Најчестите грешки при отстранувањето на несаканите влакна

Не ја подготвувате кожата

Доколку ги отстранувате влакната со восок или шеќерна паста, треба добро да ја исчистите кожата. На овој начин ќе се заштитите од потенцијални инфекции или иритација. Истовремено, ќе ја направите депилацијата поефикасна.

najchesti-greshki-pri-otstranuvanjeto-na-nesakanite-vlakna-06.jpg

Прерано ги отстранувате влакната

Не заборавајте дека влакната се отстрануваат најлесно кога не се премногу кратки.

Најлесно ќе ги отстраните влакната со должина од околу 6 милиметри. Доколку се пократки, нема да можете да ги фатите добро, па ризикувате да останете со повреда.

Доколку користите шеќерна паста, можете да отстранувате и пократки влакна.

Истовремено, и предолгите влакна не се отстрануваат добро. Смесата или восокот можат да се заплеткаат и да останат на влакната, па доколку се подолги, најдобро е да ги скратите.

najchesti-greshki-pri-otstranuvanjeto-na-nesakanite-vlakna-07.jpg

Неправилна нега на кожата после депилација

Можеби ви изгледа како добра идеја да ставите масло на кожата после депилација, но не правете го ова. Некои масла можат да ги затнат порите и да ја влошат иритацијата.

Најдобро е после депилација да нанесете алое вера гел или посебна крема за смирување на кожата. Исто така, избегнувајте да пливате или да се капите со жешка вода, 1-2 дена после депилацијата.

najchesti-greshki-pri-otstranuvanjeto-na-nesakanite-vlakna-08.jpg

Подраснати влакна

Подраснатите влакна се знак за неправилна депилација. Причината што е влакното станува потенко и тешко му е да ја пробие кожата, па почнува да расте кон внатре.

Постојат многу причини за појава на подраснати влакна, а дел од нив се погоре на листава. Употребувањето масла, бричењето со тап брич и честото бричење можат да предизвикаат подраснати влакна.

За да ги избегнете, добро подгответе ја кожата за депилација. Доколку се бричите, најдобро е да го правите тоа со пена или гел за бричење.

После секое отстранување на влакната, негувајте ја кожата и не носете синтетичка или тесна облека.

najchesti-greshki-pri-otstranuvanjeto-na-nesakanite-vlakna-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...

Најчитани неделава