Најчестите грешки при отстранувањето на несаканите влакна

Не е тајна дека во текот на својот живот, жените трошат мало богатство за отстранување на несаканите влакна.

najchesti-greshki-pri-otstranuvanjeto-na-nesakanite-vlakna-01.jpg

Уште полошо е кога и покрај целиот труд, нема да ги добиете посакуваните резултати. Влакната што се појавуваат после бричењето, остатоците од восок и црвенилото можат навистина да ве полудат.

Па, сигурно сакате да знаете како правилно да ги отстраните вашите влакна и да ги избегнете сите незгодни последици.

Грешките во продолжение се едни од најчестите при отстранувањето влакна, па најдобро е да ги избегнувате:

Одбирате погрешен метод на отстранување влакна

Иако денес постојат безброј методи за отстранување влакна, не се сите погодни за секого.

Важно е со секој метод да обрнете внимание на реакцијата на вашата кожа. Доколку забележите иритација, тоа е јасен знак дека тој метод не ви годи.

Пред да почнете со отстранување на влакната, нанесете малку од кремата за депилација, восокот или шеќерната паста, на мал дел од кожата. Почекајте околу 5 минути, и доколку нема чешање или каква било иритација, тогаш методот е добар за вас.

najchesti-greshki-pri-otstranuvanjeto-na-nesakanite-vlakna-02.jpg

Се бричите додека се бањате со жешка вода

Доколку кожата е предолго изложена на пареа или жешка вода, таа потекува. Поради ова, влакната не се добро видливи и станува потешко целосно да ги отстраните. Во овој случај, најчесто остануваат влакна после бричење.

Најдобро е да се бричите после капење, откако ќе ѝ дадете време на кожата да се врати во нормала.

najchesti-greshki-pri-otstranuvanjeto-na-nesakanite-vlakna-03.jpg

Неправилно ги отстранувате влакната

Кога ги отстранувате влакната со восок или шеќерна паста, од голема важност е насоката на отстранување.

Депилација со восок: Нанесете го восокот во насока на растење на влакната. Отстранувајте во спротивна насока.

Депилација со шеќерна паста: Нанесете ја пастата спротивно од насоката на растење на влакната. Отстранете ја пастата во насоката на растење на влакната.

najchesti-greshki-pri-otstranuvanjeto-na-nesakanite-vlakna-04.jpg

Не правите пилинг

Пред депилација, најдобро е да направите пилинг на кожата. Со ова ќе ги отстраните мртвите клетки кожа и подобро ќе го видите коренот на влакната.

Само немојте да правите пилинг веднаш пред депилација. Најдобро е да го направите еден ден претходно. После пилингот, не заборавајте да нанесете крема или лосион.

najchesti-greshki-pri-otstranuvanjeto-na-nesakanite-vlakna-05.jg.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...

Најчитани неделава