Грешки во негата на лицето поради кои имате проширени пори

Премногу масти, мртви клетки, бактерии… постојат многу нешта што се причина за проширените пори на лицето.

greshki-vo-negata-na-licet0-poradi-koi-imate-proshireni-pori-01.jpg

Негата на лицето е важна, но понекогаш претеруваме со третманите и продуктите и си правиме повеќе штета отколку што си помагаме.

Проширените пори на лицето се проблем со кој се соочуваат многу жени, а ако и вие спаѓате овде, погледнете кои се најчестите причини за нивна појава:

Постојано ги отстранувате маснотиите од лицето

Во текот на денот, особено во лето, лицето се мрси повеќе од вообичаено, па сигурно често ги отстранувате маснотии од него.

Сепак, ако постојно го правите ова можете да си предизвикате проблем. Мастите се потребни за нашата кожа, па ако постојано ги отстранувате, можно е да почнат да се лачат почесто.

А, веќе знаете дека кога лицето е премногу мрсно, порите се затнуваат и се прошируваат.

greshki-vo-negata-na-licet0-poradi-koi-imate-proshireni-pori-02.jpg

Ги „стискате“ акните и митесерите

На кожата на лицето има многу бактерии, па кога ќе ја „стиснете“ акната, ќе направите рана и бактериите ќе влезат во неа.

Овие бактерии можат да предизвикаат воспаленија кои не само што ќе ги прошират порите, туку можат да остават и лузни.

Премногу ја ексфолирате кожата

Ексфолијацијата е одличен третман за останување мртви клетки и нечистотија од лицето, но не треба да претерувате ни со него.

Препорачливо е да не ја ексфолирате кожата повеќе од двапати неделно бидејќи можете да ја исушите, а со тоа порите на лицето ќе бидат повидливи.

Истовремено, не треба да го миете лицето повеќе од двапати дневно од истата причина.

greshki-vo-negata-na-licet0-poradi-koi-imate-proshireni-pori-03.jpg

Имате премногу сува кожа

Сувата кожа може да биде причина за појава на брчки, но и проширени пори.

За среќа, ова е проблем што лесно се решава – треба само да најдете добра навлажнувачка крема за лице.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...

Најчитани неделава