„Женски“ трикови за убавина што ќе ви заштедат многу време и пари

Нанесувајте го коректорот на крај

Обично го нанесуваме коректорот пред да ставиме пудра, но подобро би било ако го нанесувате на крајот.

Бидејќи додека се шминкате сигурно ќе ви остане малку сенка под очите, со коректорот лесно ќе го средите ова.

Истовремено, нанесувајте го коректорот со мала четкичка наместо со прстите.

zhenski-trikovi-za-ubavina-shto-kje-vi-zashtedat-mnogu-vreme-i-pari-05.jpg

Не ја чешлајте косата додека ја сушите

Кога ја сушите косата со фен, подобро да не ја чешлате со чешел или четка. Наместо тоа, користете ги вашите раце.

На овој начин нема да ја искинете косата, која е покршлива додека е влажна, и ќе имате повеќе волумен.

„Невидливо“ контурирање со пудра

Контурирањето не е лесно и сигурно барем еднаш се завршиле со темни дамки на образите.

За да го избегнете ова, купете пудра малку потемна од вашата кожа и нанесете малку на образите, челото и носот.

Потоа ставете од пудрата што ја користите вообичаено.

zhenski-trikovi-za-ubavina-shto-kje-vi-zashtedat-mnogu-vreme-i-pari-06.jpg

Нанесете маскара и на горниот дел на трепките

Ако сакате поголем волумен на трепките, нанесувајте маскара и на горниот дел.

zhenski-trikovi-za-ubavina-shto-kje-vi-zashtedat-mnogu-vreme-i-pari-07.jpg

Поголеми усни

Ако сакате визуелно да ги зголемите усните, нанесете кармин со потемна нијанса на средината на горната усна. Потоа нанесете кармин со посветла нијанса и веднаш ќе ја забележите разликата.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 грешки поради кои косата ви е сува како слама по фарбање Ја миете многу често, си легнувате со мокра коса и не користите соодветни продук...

Најчитани неделава