Најчестите грешки и митови за парфемите + трикови со кои ќе им го продолжите траењето

Се верува дека првиот хемичар во историјата на човештвото била една жена по име Тапути, која живеела во 1200 година п.н.е. во Вавилон, Месопотамија.

najchestite-mitovi-i-greshki-za-parfemite-kako-da-im-go-prodolzhie-traenjeto-01.jpg

Таа била и жената која го развила методот за екстракција на мириси и на некој начин ја создала основата за правењето парфеми. Денес, пак, речиси и да нема личност која не користи парфем, а изборот на ароми е неверојатно голем.

Бидејќи квалитетните парфеми секогаш имаат малку повисока цена, сигурно ќе ве интересира што можете да направите за да ви траат подолго.

Во продолжение погледнете неколку митови за парфемите, кои се најчестите грешки при нивно складирање, но и неколку трикови со кои ќе им го продолжите траењето:

Најпознати митови за парфемите

1. Не се природни само парфемите на база на масло. И алкохолот е природен продукт што често се користи во козметиката. Кај парфемите, алкохолот е важна основа бидејќи не сите состојки можат да се растворат само со масло.

2. Некои видови парфеми не се наменети само за одредена возрасна група. Веројатно сте слушнале за „парфеми за девојчиња“, „парфеми за жени“ и слично, но ова е само за реклама. Вие најдобро ќе одредите која арома е погодна за вас, без разлика што пишува на кутијата.

3. Добрите парфеми не мора да траат долго. Траењето на аромата зависи од концентрацијата на парфемот, вашата кожа, животниот стил, па дури и временските услови. Но, траењето не е поврзано со квалитетот на парфемот.

4. Аромата може да се промени во текот на денот. Мирисот што го чувствувате веднаш откако ќе го нанесете парфемот обично трае 20-тина минути. Со текот на времето се откриваат и другите ароми. Затоа, пред да купите нов парфем, почекајте да видите како ќе се менува аромата во текот на денот.

najchestite-mitovi-i-greshki-za-parfemite-kako-da-im-go-prodolzhie-traenjeto-02.jpg

Грешки при чувањето парфеми

1. Најдобро е да го чувате шишенцето парфем на темно место. Сончевата светлина може да предизвика промени во парфемот, па дури и да го влоши неговиот мирис.

2. Не го чувајте парфемот во бањата. Промената на температурата во оваа просторија, во комбинација со влагата, може да има влијание врз неговиот мирис.

3. Не го чувајте парфемот во автомобилот. Можеби сакате парфемот да ви биде на дофат кога сте излезени со автомобил, но немојте да го оставате внатре. И овде проблемот се променливата температура и сончевите зраци.

4. Добро би било да го чувате парфемот во кутијата со којашто сте го купиле. Овие кутии не се само за украс, туку и го штитат парфемот од оштетување, УВ зраци и влага.

5. Немојте да го протресувате шишенцето парфем. Ова може да предизвика оксидација, поради што парфемот ќе ја изгуби пријатната арома.

najchestite-mitovi-i-greshki-za-parfemite-kako-da-im-go-prodolzhie-traenjeto-03.jpg

Неколку трикови за подолго траење на парфемот

1. Најдобро е да го нанесете парфемот веднаш после туширање. Откако ќе се истуширате, прво нанесете млеко за тело, а потоа парфем. Уште подобро ако имате лосион со иста арома како парфемот. На овој начин парфемот ќе ви трае многу подолго.

2. Можете да нанесете и малку вазелин на местата на коишто го нанесувате парфемот.

3. Ако сакате да нанесете парфем на вашата коса, не го правете тоа директно. Подобро нанесете го парфемот на четка за коса, а потоа исчешлајте се.

4. Ако сакате да го нанесете парфемот повеќепати во текот на денот, немојте да го носите шишенцето со вас. Ова може да го намали интензитетот на мирисот. Наместо тоа, нанесете малку парфем на памучни тупфери, ставете ги во зип-кеса, извадете го воздухот и затворете ја. Тупферите ќе останат влажни и со нив ќе можете да го нанесете парфемот

najchestite-mitovi-i-greshki-za-parfemite-kako-da-im-go-prodolzhie-traenjeto-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Митови за парфеми во кои веруваме сите - Скапите траат подолго, немаат рок на траење Не е точно дека скапите парфеми треба да траат подолго бидејќи долготрајноста не...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Женски парфеми кои мирисаат на слатка есен – за сите кои сакаат цимет и костени Со крајот на летото, овошните парфеми полека ги засенуваат силните и топли мирис...
Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава