6 правила за маникир на кратки нокти

Црвениот лак никогаш не изгледа вулгарно на кратки нокти, за разлика од долги нокти со црвен лак.

6-pravila-za-manikir-na-kratki-nokti-01.jpg

Многу жени обожаваат кратки нокти, одлично изгледаат, практични се и модерни.

Но, постојат неколку правила за маникир кои треба да ги следите:

Носете често црвен лак

За разлика од долгите нокти, на кратките нокти црвениот лак никогаш не може да изгледа вулгарно.

6-pravila-za-manikir-na-kratki-nokti-07.jpg

Не ставајте хоризонтални риги

Цртањето на кратките нокти е препорачливо, но единствена работа која треба да ја избегнувате се хоризонталните риги, ви ја прават плочката преширока.

6-pravila-za-manikir-na-kratki-nokti-03.jpg

Не носете француски маникир

Францускиот маникир дополнително визуелно ви ја скратува плочката. Па, ако сакате нешто вакво подобро е да направите месечинка маникир.

6-pravila-za-manikir-na-kratki-nokti-08.jpg

Избегнувајте светли нијанси

Со светли нијанси ноктите ќе ви изгледаат уште помали, па за нежни пастелни тонови израснете ги барем малку ноктите.

6-pravila-za-manikir-na-kratki-nokti-06.jpg

Ставете светки

На долги нокти светките може да изгледаат кич, но на кратки се одличен избор.

6-pravila-za-manikir-na-kratki-nokti-02.jpg

Тргнете ги кутикулите

Секој милиметар е важен на кратките нокти, па задолжително тргнете ги кутикулите.

6-pravila-za-manikir-na-kratki-nokti-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
Црвен лак за силен впечаток оваа пролет - Како да го комбинирате со бои и шари? Наместо еднобојни црвени нокти, експертите за маникир сезонава препорачуваат ком...
Четири грешки со кои си го уништувате гелниот маникир (и вашите природни нокти) Откако целосно ќе ги извадите гелните нокти, не правите пауза и ги користите нок...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
35 идеи за маникир инспириран од новогодишните празници (одлични и за кратки и за долги нокти) Елки, сијалички, ирваси, светки, црвената и зелената боја, снегулките... сето ов...

Најчитани неделава