„Одлучив да не се шминкам една седмица и да видам дали ќе се сакам без шминка“

Најдолго ја чекав реакцијата од моето момче. Се разбира, ме има видено без шминка, но само дома. Се прашував што ќе каже, но не кажа ништо.

Така еден ден додека седевме во кафуле го прашав дали забележува нешто чудно на мене. Тој изненадено ме гледаше, па не знам, можеби веѓите ти се посветли од обично... Потоа дојдов до заклучок дека нашите партнери не се грижат воопшто дали ние носиме шминка или не.

odluchiv-da-ne-se-shminkam-edna-sedmica-i-da-vidam-dali-kje-se-sakam-bez-shminka-02.jpg

Кој е резултатот?

За време на овие 7 дена дефинитивно почувствував олеснувања од типот на тоа дека слободно можам да си го почешам окото и дека пудрата не ми останува на телефонот по разговорот, ниту дека морам да ја освежувам шминката во текот на денот.

Но, имаше само еден минус, за мене многу значаен. Кога сум ненашминкана себеси си изгледам многу бледа. Природата не ме наградила со убав тен, впечатливи усни и темни веѓи и без шминка како целото лице да ми се спојува во една невпечатлива целина.

По 7 дена одлучив дека доволно ми беше од експериментот и дека ми недостига мојата дневна рутина и сакав повторно да се препознаам старата јас во огледалото.

Прво ги исцртав веѓите, ја погледнав мојата рефлексија во огледалото и однеднаш сфатив дека си се допаѓам секако. Малку нагласените веѓи на моето лице му го дадоа акцентот што му недостигаше.

Си помислив дека не ми е потребна ниту пудра и дека така можам да излезам и на кафе.

odluchiv-da-ne-se-shminkam-edna-sedmica-i-da-vidam-dali-kje-se-sakam-bez-shminka-06.jpg

Се разбира, не престанав да сакам шминка, но сега разбирам дека понекогаш можам да излезам и без шминка, или со сосема малку, и ништо лошо нема да се случи.

Па, девојки како се чувствувате вие во врска со шминкањето? Дали ставате шминка секојдневно или повеќе ја сакате вашата природна убавина?

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

14 идеи за пролетен маникир со кои секој аутфит ќе ви изгледа поубаво (фото) Оваа сезона ноктите не треба да бидат многу долги (кусите нокти се во мода), а б...
Топ 7 бои на коса кои ќе бидат хит во есен 2025 Нежна бакарна, но и бакарна во комбинација со руси тонови, богати чоколадни нија...
Хејли Бибер ја покажа новата фризура – тренд што ќе доминира во 2026-та Фризерката на Хејли Бибер објави фотка од нејзината потстрижена коса, а со тоа т...
Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
Дадар советува: Како да се нашминкате за на работа и да ги скриете подочниците? (видео) „Не заборавајте пудрата да ја 'спуштите' и на вратот - многу жени забораваат да ...
5 грешки со кармин кои ви додаваат години Не правите пилинг на усните, ја игнорирате бојата на вашата кожа и претерувате с...

Најчитани неделава