Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Евтина домашна маска која ги „брише“ подочниците за само 10 минути

Темните кругови претставуваат огромен проблем за повеќето луѓе и на многумина им е тешко да ја намалат нивната видливост.

evtina-domasna-maska-koja-gi-brishe-temnite-krugovi-i-podocnicite-za-samo-10-minuti-01.jpg

Што го елиминира овој проблем мошне ефикасно?

Екстрактот од банана може да се најде во многу кремови за очи, главно поради големата количина на калиум во ова овошје. 

Калиумот може да помогне во хидратацијата и да го спречи задржување на водата во кожата, што е првиот чекор кон намалувањето на подуеноста и темните кругови под очите.

Покрај калиумот, бананите се полни со витамини Ц, Е, Б и А, како и антиоксиданти кои можат да ги неутрализираат слободните радикали и да ја осветлат кожата.

Како можете сами да си направите маска во домашни услови?

Со лажица отстранете го белиот дел од кората на бананата, односно „влакната“. Измешајте ги со алое вера, а доколку немате при рака, едноставно искористете го вашиот хидратантен крем.

Нанесете ја смесата во пределот под очите и оставете да делува пет до десет минути. Потоа добро измијте го лицето со млака вода и продолжете со вообичаената нега.

Напомена: Секако дека оваа маска не може да делува кај секого магично, но нема што да изгубите ако пробате.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки) Не ставате крем со фактор, водите грижа само за кожата на лицето и користите нес...
Маја Глигоровска за стилот и убавината: „Купувам облека во странство, а не тргам на пат без мојата б... „Избирам да се хранам здраво, а и кога ќе си дозволам да излезам надвор од рутин...
Колкаво количество продукти за убавина треба да користите, според експерти Кога нанесувате крем со фактор, важно е да го прекриете цело лице, а за ова ќе в...
Мери Бајрамовска за стилот и убавината: „Сама си правам маски за лице, јадам сè умерено - не се отка... „Сметам дека тајната на убавината не е во скапите козметички препарати, туку во ...
6 грешки во рутината за убавина со кои несвесно си ја оштетувате кожата Правите пилинг секој ден и ја отстранувате шминката со влажни марамчиња – кои че...
Брчки, седи влакна - Како изгледаат одблизу лицата на светските ѕвезди? На фотографиите што ги објавуваат на социјалните мрежи, светските ѕвезди изгледа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg