Трикови со кои ќе ги покриете линиите од бикини направени при сончање

Ако сакате брзи резултати, на линиите од сончање ставете пудра со иста нијанса како вашиот тен и добро размачкајте ја. Потоа само нанесете фиксатор за шминка.

kako-najlesno-da-ja-namalite-vidlivosta-na-liniite-od-sonchanje-01.jpg

Освен ако не сте храбри за да посетите нудистичка плажа, кога ќе се вратите од одмор веројатно имате линии од костимот за капење.

Додека во Бразил овие линии се популарни и некогаш девојките си ги прават и намерно, кај нас повеќето сакаат да ги скријат.

Со текот на времето, овие линии ќе се совпаднат со вашиот тен, но ако има голем контраст, нормално е да сакате да им ја намалите видливоста, посебно доколку носите облека која ги открива. 

А, можете да го направите тоа многу лесно со само два трика:

Пудра за лице

Овој трик е одличен ако сакате веднаш да видите резултат.

Препорачливо е прво да направите пилинг на целото тело за кожата да биде помазна. Можете да ставите и лосион за тело.

Потоа одберете пудра со иста боја како вашиот тен и нанесете ја на светлите линии.

Добро размачкајте ја пудрата со сунѓерче или четка за шминкање, а можете да ставите и уште еден слој ако има голема разлика во тенот и линиите.

На крај можете да нанесете фиксатор за шминка.

Во овој случај само избегнувајте да носите бела или многу светла облека бидејќи можете да ја извалкате со пудрата.

kako-najlesno-da-ja-namalite-vidlivosta-na-liniite-od-sonchanje-03.jpg

Лосион за самопотемнување

За да ги видите резултатите од овој трик ќе бидат потребни барем три дена, но ќе бидат трајни.

Ако има голема разлика помеѓу вашиот тен и линиите, првиот пат нанесете од лосионот само на посветлите делови и добро размачкајте го.

Не заборавајте добро да ги измиете рацете откако ќе го нанесете и не облекувајте светла облека додека лосионот не се впие целосно.

Наредните денови можете да го нанесувате лосионот на целото тело, сè додека не бидете задоволни од резултатот.

Ако разликата помеѓу вашиот тен и линиите е мала, можете уште првиот ден да го нанесете на целото тело.

Најдобро е да купите лосион со поблаг ефект на потемнување за вашиот тен да изгледа поприродно.

kako-najlesno-da-ja-namalite-vidlivosta-na-liniite-od-sonchanje-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сигурно некаде грешите – колку често (и како) треба да се туширате? Ако имате многу мрсна или многу сува кожа, најдобро немојте да се туширате секој...
Трикови за убавина кои ќе ви помогнат брзо да се подготвите за работа кога немате многу време Ако сте во брзање, никој нема да забележи ако наместо сенка за очи ставите румен...
Правилно користете ја турпијата и уште 8 совети за здрави и цврсти нокти За здрви и цврсти нокти, еднаш неделно правете си купка со малку лук и вода. Лук...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg