Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и начин на лекување?

Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замор и поспаност се едни од симптомите кои укажуваат на ноќна апнеа. Луѓето кои страдаат од ноќна апнеа постојано се поспани и може да се случи да заспијат и додека се зад волан. Постојат неколку начини за лекување на оваа болест...

teskotii-pri-disenje-i-rcenje-moze-da-se-znak-za-nokjna-apnea-kako-da-ja-prepoznaete-simptomi-i-nacini-na-lekuvanje-01.jpg

Апнеата претставува краткотраен прекин на дишењето, односно задржување на воздухот или пауза во дишењето што трае помеѓу 3 и 10 секунди.

Ноќната апнеа е болест за која сè уште малку се зборува, иако повеќе не е толку ретка.

Се проценува дека околу 5% од возрасната популација во светот, особено мажите, страдаат од ова нарушување.

Ноќните манифестации на оваа болест во форма на прекин на дишењето и „борба“ за воздух на болниот може да изгледаат доста драматични, особено за тие што набљудуваат, иако самиот пациент не е ни свесен за апнеата.

Доколку не се лекува, може да предизвика гласно 'рчење, дневен замор или посериозни проблеми како срцеви заболувања или висок крвен притисок.

teskotii-pri-disenje-i-rcenje-moze-da-se-znak-za-nokjna-apnea-kako-da-ja-prepoznaete-simptomi-i-nacini-na-lekuvanje-02_copy.jpg

Симптоми

Пациентите на почетокот не ги забележуваат симптомите, туку на тоа им укажува партнерот со кој заедно спијат.

Најчестите знаци и симптоми се:

- ’рчење;

- замор или поспаност во текот на денот;

- немир при спиење или редовни ноќни будења;

- сува уста или болки во грлото кога ќе се разбудите;

- ненадејно будење по задишување или задушување;

- тешкотии при концентрирање, заборавеност или мрзливост;

- депресија или анксиозност;

- постојана потреба за мокрење во текот на ноќта;

- ноќно потење;

- сексуална дисфункција;

- главоболки.

Симптомите може да не се толку очигледни кај децата. Кај нив обично се јавува:

- секогаш е уморно и безволно за игра;

- поспаност (заспива на час во училиште);

- лош успех на училиште;

- тешкотии при голтање;

- дишење преку уста во текот на денот;

- ноќно потење;

- невообичаени положби за спиење, како што се спиење на раце и колена или со истегнат врат;

- мокрење на креветот;

- зборува типично (назален говор);

- промени на личноста, како што се чудно однесување или нервоза.

teskotii-pri-disenje-i-rcenje-moze-da-se-znak-za-nokjna-apnea-kako-da-ja-prepoznaete-simptomi-i-nacini-na-lekuvanje-03.jpg

Кога се јавува апнеата и прогресија на болеста?

Ноќната апнеа се јавува за време на спиењето кога се намалува напнатоста на мускулите, вклучувајќи ги и мускулите околу дишните патишта, кои потоа можат целосно да се затворат. Протокот на воздух од носот тогаш не може да стигне до долните дишни патишта и се јавува апнеа, односно запирање на дишењето.

Развојот на оваа болест е обично постепен, речиси незабележлив.

Првите симптоми на апнеа обично почнуваат да се појавуваат кај пациенти кои ’рчат, а честопати и не се свесни за нивното нарушување.

Тие обично доаѓаат на лекар по наговор на личност која е сведок на нивниот немирен сон и нарушено дишење, додека други доаѓаат поради прекумерна дневна поспаност.

Пациентите кои страдаат од ноќна апнеа се чувствуваат поспани дури и по 8 или 10 часа сон во текот на ноќта.

Луѓето кои страдаат од апнеа се случува да заспијат за време на монотони ситуации, што може да биде фатално, доколку се случи да заспијат додека возат по некој долг и здодевен пат.

Со текот на времето, пациентот развива прогресивно губење на когнитивните функции, односно губи меморија, тешко се концентрира и има тешкотии во извршувањето на сложени ментални активности.

teskotii-pri-disenje-i-rcenje-moze-da-se-znak-za-nokjna-apnea-kako-da-ja-prepoznaete-simptomi-i-nacini-na-lekuvanje-06.jpg

Какви компликации може да предизвика оваа болест?

Нетретираната ноќна апнеа може да предизвика сериозни заболувања:

Висок крвен притисок и срцеви заболувања

Ненадејните падови на нивото на кислород во крвта додека спиете може да предизвикаат зголемување на притисокот и да предизвикаат непотребно оптоварување на вашиот кардиоваскуларен систем.

Опструктивната ноќна апнеа исто така, може да ве изложи на поголем ризик за повторливи срцеви удари, мозочни удари или абнормални отчукувања на срцето.

Дијабетес тип 2

Луѓето кои страдаат од ноќна апнеа имаат поголем ризик за отпорност на инсулин и дијабетес тип 2.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...

Најчитани неделава