Промени на кожата кои не треба да ги игнорирате – може да се знак за проблем со здравјето

Пожолтената кожа, односно жолтица, може да биде знак за проблеми со црниот дроб и никако не треба да ја игнорирате.

promeni-na-kozhata-koi-ne-treba-da-gi-ignoriraat-mozhe-da-se-znak-za-problem-so-zdravjeto-01.jpg

Нашето тело секогаш ни кажува кога има некој проблем, а многу симптоми се јавуваат и на кожата, која е всушност најголемиот орган.

Промените на кожата како црвенило, осип, модринки и слично не се ретка појава и главно не се знак за нешто сериозно.

Но, кога ќе забележите промена која не е својствена за вас и која настанала без навидум никаква причина, не треба да ја игнорирате.

Промени на кожата кои може да бидат знак за здравствен проблем:

Сина или виолетова боја на стапалата

Ако забележите дека кожата на стапалата има сина или виолетова нијанса, тоа може да биде знак за повреда или некакво заболување, како периферна артериска болест (абнормално стеснување на артериите.

И модринките на стапалата можат да имаат сина или виолетова нијанса, но главно оваа промена може да биде знак за слаба циркулација.

Во екстремни и многу поретки ситуации, ако сте биле изложени на многу ниски температури, овие нијанси можат да бидат знак за смрзнатини.

Ако не сте сигурни дали станува збор за најобична модринка, а состојбата на стапалата не се подобрува и чувствувате болка, секогаш е добро да се консултирате со лекар.

promeni-na-kozhata-koi-ne-treba-da-gi-ignoriraat-mozhe-da-se-znak-za-problem-so-zdravjeto-02.JPG

Темни дамки под пазувите

Постојат разни причини зошто можеби имате темна кожа под пазувите. Некои кожни заболувања, како псоријаза или алергија на некој продукт, можат да го предизвикуваат овој симптом.

Исто така, постои и состојба која предизвикува темна кожа под пазувите, но и на вратот и препоните која обично се јавува кај лица со прекумерна тежина.

Во некои ситуации, овој симптом може да биде и знак на состојба позната како предијабетес, односно многу високо ниво на шеќер во крвта.

promeni-na-kozhata-koi-ne-treba-da-gi-ignoriraat-mozhe-da-se-znak-za-problem-so-zdravjeto-03.JPG

Длабоки брчки на вратот

Појавата на брчки е сосема нормален процес од стареењето.

Сепак, ако сте релативно млади и забележите дека брчките ви се појавиле во краток период, можно е да станува збор за дехидратација, но и проблеми со тироидната жлезда или хормонална нерамнотежа.

promeni-na-kozhata-koi-ne-treba-da-gi-ignoriraat-mozhe-da-se-znak-za-problem-so-zdravjeto-04.JPG

Многу сува и испукана кожа на петите

Кожата на петите е посклона кон сушење и ако не ја негувате, може и да испука.

Но, постојат и здравствени проблеми кои можат да предизвикаат пукање на кожата во оваа област, како псоријаза, егзема, прекумерна тежина, недостаток од одредени витамини…

promeni-na-kozhata-koi-ne-treba-da-gi-ignoriraat-mozhe-da-se-znak-za-problem-so-zdravjeto-05.JPG

Збрчкана кожа на прстите

Ако кожата на прстите ви е збрчкана, како да сте биле во вода, може да укажува на проблем, како дехидратација, дијабетес или слаба циркулација на крвта.

promeni-na-kozhata-koi-ne-treba-da-gi-ignoriraat-mozhe-da-se-znak-za-problem-so-zdravjeto-7.JPG

Пожолтена кожа

Жолтицата, односно пожолтување на кожата, како и очите, може да укажува на проблеми со црниот дроб.

Жолтицата никогаш не треба да ја игнорирате, особено ако е придружена и со болка во стомакот, промени во урината и апетитот и други симптоми.

promeni-na-kozhata-koi-ne-treba-da-gi-ignoriraat-mozhe-da-se-znak-za-problem-so-zdravjeto-6.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Промени во видот и очите што може да се знак за (посериозни) здравствени проблеми Ненадејната силна болка зад окото може да биде знак за авнеризма, додека замагле...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg