4-те најчести предупредувачки знаци за инфаркт

Болката или чувството на притисок во градите може да биде знак што навестува инфаркт, особен ако веќе имате проблеми со срцето.

4-te-najchesti-predupreduvachki-znaci-za-infarkt-01.jpg

Веројатно можете да препознаете инфаркт, особено ако имате проблеми со срцето.

Но, постојат некои симптоми кои се јавуваат неколку дена пред инфарктот, односно како да го најавуваат.

Ако сте свесни за овие можни знаци на инфаркт, ќе можете да реагирате навреме, да отидете на лекар, па можеби дури и да го спречите.

Четири знаци кои некогаш можат да навестуваат инфаркт:

Болка или притисок во градите

Кога артериите во срцето постепено се затнуваат, може да почнете да чувствувате болка или притисок. Па, овој симптом може да биде предупредувачки знак дека во наредните неколку денови може да се сучи инфаркт.

Ако забележувате болка во градите, притисок и главно непријатно чувство, консултирајте се со лекар, особено ако веќе имате проблеми со срцето.

Болка во вратот, рамото или вилицата

Обично болката во левата рака ја поврзуваме со инфаркт. Но, на почетокот оваа болка може да не биде многу очигледна.

Односно, болката може посилно да ја чувствувате на вратот или рамото, а во некои случаи и на вилицата.

4-te-najchesti-predupreduvachki-znaci-za-infarkt-02.jpg

Брзо се заморувате

Ако забележите дека одеднаш брзо се заморувате и од лесни активности, не го игнорирајте овој симптом.

Со заморот, може да забележите и болка или непријатно чувство во градите или раката.

Гадење и други проблеми со стомакот

Болката во стомакот и гадењето можат да бидат предупредувачки знаци дека наскоро ќе се случи инфаркт.

Доколу го чувствувате овој симптом, а нема некоја друга причина, најдобро консултирајте се со лекар, дури и ако не чувствувате други симптоми.

4-te-najchesti-predupreduvachki-znaci-za-infarkt-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи) Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, стануват...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg