Зошто на повеќето мажи им паѓа косата и може ли да се спречи?
Неколку фактори имаат улога во паѓањето на косата кај мажите. Покрај генетиката, овде е и возраста – како што стареат, поголемиот дел од мажите ќе се соочат со паѓање на косата.
Паѓањето на косата, познато и како андрогена алопеција, е проблем со кој се соочуваат повеќето мажи – некои порано, некои подоцна.
Машкото паѓање на косата е забележано кај сите националности, но се претпоставува дека е поизразено кај белите мажи.
Што треба да знаете за оваа појава и има ли начин да се избегне или барем забави?
Важно е да знаете дека постојат разни причини за паѓање на косата кај мажите, но најчеста е таканаречената андрогена алопеција.
Косата не паѓа одеднаш, туку во неколку фази и паѓањето на влакната почнува или на предниот дел, или на врвот на главата.
Експертите следат скала со седум фази за да одредат во кој стадиум е алопецијата:
- Прва фаза – има минимално или воопшто нема паѓање на косата.
- Втора фаза – има мало паѓање на косата во близина на ушите и челото.
- Трета фаза – паѓањето на косат е позабележливо, и косата може да има форма на буквата M или латинската буква U.
- Четврта фаза – почнува паѓање на косата и на врвот на главата.
- Петта фаза – на најгорниот дел од главата растат многу малку влакна.
- Шеста фаза – се забележува значително проретчување на косата во областа на слепоочниците.
- Седма фаза – нема воопшто коса на врвот на главата и преостанатата коса е како линија од страната на главата.
Кај кои мажи ризикот за ќелавост е поголема?
Ќелавоста може да се појави кај секој маж, но може да зависи од националноста. На пример, почеста е кај белите мажи, а поретка кај мажите со африканско, кинеско или јапонско потекло.
Интересно е што ќелавоста е мошне ретка појака кај индијанците.
Кога и зошто се јавува машката ќелавост?
Повеќето мажи веќе почнуваат да ги забележуваат првите знаци во 30-тите години од животот, но кај некои може да се јават уште во доцните тинејџерски години.
Но, дури и ако знаците се јават порано, не значи дека мажот ќе ја изгуби целата коса веднаш, туку процесот може да трае со години.
Постојат неколку фактори што придонесуваат до оваа појава:
Возраст – очигледно, со возраста се зголемуваат шансите да се соочите со машка ќелавост бидејќи околу 70% од мажите почнуваат да ја губат косата со годините.
Хормонални промени – андрогените се група полови хормони кои имаат важна улога во пубертетот и физичкото созревање на телото. Бидејќи овие хормони имаат влијание и врз растот на влакната, вклучително и на главата, некои експерти веруваат дека промена на нивното ниво во организмот можеби има улога во ќелавењето.
Генетика – Мажите имаат еден Х хромозом што го наследуваат од мајките, и еден Y хромозом што го наследуваат од татковците. Во Х хромозомот има ген кој му кажува на телото како да создава андрогени – хормоните што ги спомнавме претходно. Па, во овој контекст, генетиката има влијание врз тоа дали и кога ќе се соочите со машка ќелавост.
Може ли да се спречи или забави оваа појава?
Важно е да знаете дека паѓањето на косата е нормална појава и иако влијае врз самодовербата, не треба да се срамите од неа.
За можеби најефикасен третман се смета трансплантацијата на коса. Но, оваа процедура е скапа и не секој може да си ја дозволи. За други третмани достапни кај нас, најдобро е да се консултирате со експерт.
Медицинските експерти уште не откриле сигурен начин со кој ќе се спречи машката ќелавост.
Но, можете да направите некои животни промени за кои се верува дека може да го поттикнат растот на косата:
Внесувајте доволно протеини, особено ако следите веганска или вегетаријанска исхрана.
Земајте суплементи со витамини и минерали ако има потреба бидејќи се добри за здравјето на косата.
Најдете начин да се справите со стресот бидејќи се претпоставува дека може да има удел во пораното паѓање на косата.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





