6 знаци дека треба да јадете повеќе храна со (здрави) масти

Постојано ви се јаде, имате многу сува кожа – кои се знаците дека треба да внесувате повеќе здрави масти?

6-znaci-deka-treba-da-jadete-hrana-so-povekje-zdravi-masti-01.jpg

Обично мастите во храната ги гледаме како нешто лошо што треба да го избегнуваме по секоја цена.

Но, на телото сепак му требаат и масти за да функционира нормално. Она што е важно е да не претераме, особено со заситени и трансмасти, и повеќе да се фокусираме на таканаречените здрави масти, како оние од авокадо или лосос.

Ако претерате со внесот на масти, може да се соочите со дебелина, но и проблеми со здравјето. Од друга страна, и недоволниот внес на масти може да создаде проблеми.

Шест знаци дека треба да внесувате повеќе масти:

Проблеми со зглобовите

Додека некои масти, како транс мастите, можат да ги влошат воспаленијата во телото, здравите масти имаат спротивен ефект.

Некои истражувања покажале дека внесувањето доволно здрави масти, како омега 3 масни киселини, можат да ги намалат воспаленијата во телото, а со тоа и проблемите со зглобовите.

Сува кожа

Сувата кожа може да биде знак дека внесувате премалку здрави масти.

Омега 3 и омега 6 масните киселини се неопходни за одржување на здравјето на кожните клетки, како и влажноста на кожата. Па, кога ги нема доволно, може да се јави сува кожа, но и кожа што се лупи.

6-znaci-deka-treba-da-jadete-hrana-so-povekje-zdravi-masti-02.JPG

Недостаток на витамин Д

Витаминот Д спаѓа во групата витамини кои се растворливи во масти. Ова значи дека телото може да го апсорбира само ако внесувате доволно масти.

Што значи, дури и вие да внесувате доволно витамин Д, ако во исхраната немате здрави масти, телото нема како да го апсорбира, односно да го искористи.

Хормонални проблеми

Недоволниот внес на масти може да предизвика и хормонална нерамнотежа.

Мастите се извор на холестерол кој, пак, е потребен за синтеза на хормони, особено половите, како естроген и тестостерон.

6-znaci-deka-treba-da-jadete-hrana-so-povekje-zdravi-masti-03.JPG

Постојано чувство на глад

Иако избегнувањето на храната со масти се смета за неопходно кога сакаме да ослабиме, мастите можат да ни бидат од помош во овој процес.

Храната богата со здрви масти ќе ве држи сити подолго, што значи помала е веројатноста дека ќе изедете повеќе од планираното.

Ментален замор

Проблемите со концентрацијата, расположението и меморијата можат да бидат предизвикани од недоволен внес на масти.

Здравите масти, како омега 3 масни киселини, се неопходни за правилна функција на мозокот.

Покрај тоа, витамините А, Е и К, исто како витаминот Д се растворливи во масти. А, овие витамини се важни за оптимално функционирање на мозокот.

Ако не внесувате доволно масти, телото нема да ги апсорбира, па можете да чувствувате и ментален замор.

6-znaci-deka-treba-da-jadete-hrana-so-povekje-zdravi-masti-04.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Зошто моето дете е постојано болно?“ - Педијатар дава одговори на најчестите родителски маки Колку често обично се разболуваат децата? Од 8 до 12 пати годишно.... Зошто деца...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Колку се опасни масните наслаги на стомакот (и кога да одите на лекар)? Вишокот масни наслаги на стомакот обично значи и вишок висцерални масти – масно ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg