Дијабетес, анемија: Што откриваат прстите на стапалата за вашето здравје?
Ако прстите на стапалата постојано ви се студени, тоа може да биде знак за хипотироидизам, но и проблеми со срцето.

Состојбата на стапалата може да открие многу зa нашето здравје.
Одредени заболувања и состојби, како слаба циркулација, предизвикуваат симптоми дури и на нозете, па важно е да обрнувате внимание на промените.
Што откриваат прстите на стапалата за вашето здравје?
Рани што не заздравуваат
Ако на стапалата имате рани кои не заздравуваат, тогаш можно е да имате дијабетес.
Дијабетесот е хронична состојба кога телото не може да го регулира нивото на шеќер во крвта.
Зголеменото ниво на гликоза може да ги оштети крвните садови и нервите, а ова води до послаба циркулација и намалено чувство во стапалата.
Сите овие фактори имаат влијание врз заздравувањето на раните, а раните кои не заздравуваат го зголемуваат ризикот од инфекции и компликации.
Студени прсти на нозете
Кога е ладно, нормално е стапалата и дланките да ви бидат постудени.
Но, ако забележите дека прстите на стапалата ви се постојано студени, добро би било да се консултирате со лекар, особено ако имате и некои други симптоми.
Ова може да биде знак на хипотироидизам, проблем со срцето, како и артритис.
Кога е во прашање хипотироидизам, намалената активност на тироидната жлезда води до намален доток на крв до екстремитетите, па затоа ви се постудени.
И проблемите со срцето и артритисот имаат влијание врз циркулацијата, па може прстите на стапалата да ви бидат постудени.
Отечени палци
Ако палците на стапалата ви се особено големи, тогаш можеби имате гихт – вид артритис кој предизвикува ненадејна и силна болка.
Исто така и кожата може да биде жешка, отечена и црвена.
Овој вид артритис најчесто се појавува на палците на стапалата поради пониската температура во овој дел од телото.